Македонија
Маричиќ на средба со пензионерите во општина Кисела Вода
Синоќа во Кисела Вода, Бојан Маричиќ се сретна со пензионерите од општината.
На средбата, во заедничка дискусија и отворен разговор со пензионерите ги информираше дека на оваа Влада пензионерите и се многу важни. Посветеноста кон пензионерите се манифестира преку превземањето на нови мерки во Владата со што ќе се овозможи сериозна финансиска помош за овој важен сегмент од населението.
Финансиската помош ќе биде поголема за оние кои примаат помали пензии, односно реципротитетно за оние кои земаат повеќе.
„Односот кон пензионерите кажува во какво општество живееме и како сме воспитани. Наша цел е да не зависите од било кој политичар и било која Влада. Со законското решавање на пензијата целта ни е редовно два пати годишно да ви расте пензијата“
„Целта ни е, никого да не заборавиме. Нашата Влада, годиниве наназад, така и оваа година вложува во субвенционирање и на цената на струјата. Исплатата на К-15 се реализираше после долги години“
„Нашата битка е за добар живот тука, нашата битка е патриотска“.
Маричиќ ги информираше граѓаните на Кисела Вода, дека и покрај соочувањето со предизвиците во последните 3 години, сепак Владата успева да ги покачи платите во повеќето сектори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

