Македонија
Маричиќ: Очекувам позитивен извештај од Европската комисија
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека следната недела ќе пристигне извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и дека истиот очекува да биде позитивен.
„Очекуваме позитивен извештај кој несомнено ќе биде наш водич за следните реформи и активности, со сите негови добри и помалку добри оценки. Ова ќе биде прв извештај од почетокот на преговорите и не очекувам да има некакви изненадувања“ – рече Маричиќ.
Тој брифираше и дека од 7 ноември, со почетокот на билатералните состаноци, ќе има разделување со албанскиот преговарачки тим и дека одделно ќе го продолжиме билатералниот скрининг.
![]()
Покрај Маричиќ на брифингот беше присутен и надворешниот експерт, поранешниот хрватски преговарач Владимир Дробњак, кој даде краток осврт на текот на преговорите на Хрватска и го сподели искуството во преговарањето со Европската Унија во одделни области.
„Преговорите треба да ги сфатите како трансформација на општеството, која води кон корист за сите. Секоја тешкотија во текот на преговорите ќе ви се исплати кога ќе го добиете членството во ЕУ“ – порача Дробњак.
Маричиќ навести дека во фокусот на скринингот ќе бидат владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции во земјава, за што се очекуваат патокази за сите три области до март идната година.
Првите два се задолжителни и без нив не може да се отвори кластерот, додека, пак, патоказот за функционирањето на демократските институции е доброволен, но е добро да го имаме и него изготвено, вели тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

