Македонија
Маричиќ: Ќе се направат законски измени за да се воведе дигитализација на судството

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во воведното обраќање на јавната расправа за предлог-измените на Законот за парнична постапка, кажa дека покрај намалувањето на висината на паричната казна за учесниците во постапките, со овие измени се отвора и законска можност за дигитализација на работењето на судовите.
„Судот може да одлучи рочиштето да се одржи на далечина, односно онлајн или, пак, на тој начин да се изведат одделни докази. Огромна новина е можноста која се отвора да се одржуваат јавни расправи по електронски пат, по оценка на судот, а во случај на постоење опасност од одлагање или кога постојат правни или стварни пречки. Снимката од рочиштето или изведениот доказ претставува записник во електронска форма. Воедно, електронската достава на документи е поедноставена. Законот го усогласува поднесокот во електронска форма и податоците и доказната сила на документите во електронска форма со што се поедноставува електронската достава“, кажа Маричиќ.
Министерот за правда процесот на дигитализација на судовите го најави веднаш по стапувањето на функцијата. Поддршка на воведувањето на дигитална технологија во работата на судовите веќе најавија од Европската Унија и други пријателски земји.
Од Министерството за правда наведоа дека овој предлог-закон е резултат на опсежна јавна расправа, а бројните коментари и забелешки беа прифатени и вградени во текстот на законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Фудбалерот Лазаров не е единствениот, уште двајца спортисти загинаа во страотниот пожар во Кочани

Страшниот пожар што избувна во дискотеката во Кочани, го одзеде животот на повеќе од еден спортист. Покрај фудбалерот Андреј Лазаров, животот го загубиja и голманот Дамјан Танески (18) и кошаркарот Петар Ивановски (20).
Танески беше дел од младинската фудбалска репрезентација, а кариерата ја започна во штипски Мал Ајакс. Играше за младинските екипи на Вардар од Скопје, а подоцна беше член на Брегалница и на Кит Го од Пехчево. Тажната вест за неговата смрт ги потресе сите негови колеги и спортски пријатели, кои го опишаа како талентиран и посветен спортист.
Од друга страна, смртта на Ивановски ја потврди и неговиот матичен клуб Дино Баскет, кој во емотивна порака ја изрази својата тага поради загубата на нивниот талентиран играч.
– Со голема тага ја примивме веста дека меѓу жртвите во синоќешната трагедија е и нашиот соиграч Петар Ивановски. Петар беше многу почитуван меѓу пријателите и соиграчите, а како МВП на турнирот до 14 години остави длабока трага во кошаркарскиот свет. Беше прекрасна личност, борец со големо срце – напишаа од Дино Баскет.
Македонија
Обвинителството: Во тек се рочишта за определување притвори

Обвинителството утрово извести дека во тек се рочишта за определување притвори, а бројката е истата од последната информација синоќа.
Од таму додаваат дека во текот на денот ќе има информации за другите дејствија кои се преземаат.
Македонија
Каролина Гочева: „Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, занемени од болка“

„Со скршено срце се збогуваме со нашите пријатели, колеги Андреј, Сара, Ѓорѓи, Александар Коларов, Александар Ефремов, Филип, Игор….“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева на социјалните мрежи.
„Ќе продолжат да живеат во секоја песна и секое срце кое го имаат допрено преку нивната работа. Занемени сме од болка!
Најдлабоко сочуство до нивните семејства и најблиски!“, напиша Каролина Гочева.