Македонија
Маските за случајот „Рекет“ меѓу највпечатливите на Вевчанскиот карневал
Над стотина маски и илјадници гости од земјава и странство денеска го посетија традиционалниот Вевчански карневал.
Дефилето почна сретсело, а можеа да се видат маски што ги исмеваат политичката сцена, општествените случувања и маски што го претставуваат секојдневниот живот.

„Највпечатливи беа маските за случајот ‘Рекет’, специјалната обвинителка Катица Јанева, Боки 13, Фатиме Фетаи, а вевчанската иновативност беше прикажана и преку групна маска која претставува лабораторија за експерименти за нови видови дрога“, соопштија организаторите.

Општина Вевчани како организатор, под покровителство на Министерството за култура, ги пречека илјадниците гости со полн капацитет на угостителските објекти и пансиони.

По дефилето, маските и гостите продолжуваат со вршење на обичаите, односно одат во домовите на вевчанци, каде што се дарувани со пари.
Вечерта е резервирана за забава на плоштадот со македонски народни песни. На полноќ на 14 јануари, со традиционален огномет и трубачи ќе биде дочекана Православната Нова година и ќе се прослави свети Василиј Велики.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 12:00 часот, корисниците на улиците: Урош Џудовоќ, Осло, Будимпештанска, Лубица Георгиева (Општина Карпош)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на висок воздушен притисок продолжува периодот на претежно сончево и тивко време. Во ноќните и претпладневните часови наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.

