Македонија
Маја Иванова своите заложби за детското здравје ги претстави пред персоналот на Детската болница на Мичиген
Во рамки на работната посета на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на САД, сопругата на претседателот Маја Иванова, во Детроит ја посети Детската болница на Мичиген.
Сопругата на македонскиот претседател од менаџментот беше запозната со севкупната работа на оваа детска болница, идните планови во нејзината работа, а беше разговарано и за можностите за соработка на болницата со здравствени институции во Македонија. Иванова ги претстави нејзините активности поврзани со детското здравје, со посебен акцент на децата со аутизам, соопшти прес-службата на Кабинетот на претседателот.
„Често велам дека аутизмот не познава големи и мали држави, богати и сиромашни држави, туку тоа е проблем за којшто треба да се обединиме и да работиме сите. Активноста што ја започнав за аутизмот во Македонија, потекнуваше токму од овде, од Соединетите Американски Држави, кадешто присуствував на конференциите што се организираат од организацијата Autism Speaks и веднаш по враќањето ги продолжив моите активности во Македонија. Почнав да ја подигам јавната свест, да бидам гласноговорникот во Македонија за подигање на јавната свест дека аутизмот во Македонија постои, и треба да се обединат сите, да се соочат со тој проблем и едноставно да почнат со негово решавање. Меѓутоа не застанувам тука, затоа што аутизмот не познава само активности, туку познава обединување на сите оние што треба да работат на овој проблем, почнувајќи од образовниот систем, од здравствениот систем, од невладините организации. Посетата на оваа болница ми е големо искуство, затоа што видов дека овде здравствената заштита на децата е на највисоко можно ниво, со најсовремена опрема, со најмодерна опрема. Се надевам дека мојата посета овде ќе биде една иницијатива да се продолжи натаму со соработката помеѓу оваа болница и Детската болница во Скопје. Се надевам дека оваа посета ќе вроди со плод“, изјави Иванова.
Луан Евалд, главен извршен директор на Детската болница на Мичиген посочи дека разговарале за начините како може да разменат информации, како американските лекари можат да соработуваат со македонските, за подобро здравје на децата.
Иванова е носител на повеќе иницијативи за подобрување на здравјето и унапредување на здравствената заштита на децата. Нејзините напори и активности се првенствено насочени кон борбата против аутизмот и подигнувањето на јавната свест за постоењето на оваа болест. Меѓу бројните реализирани активности, под нејзино покровителство, во 2016 година во Скопје беше отворен Центарот за сензорна терапија за лица со аутистичен спектар на нарушувања, а во 2013 година беше отворен првиот Детски ургентен центар во Република Македонија.
За време на работната посета на претседателот Иванов на САД, предвидено е Иванова во Њујорк да присуствува на настанот со првите дами учеснички на 73. Генерално Собрание на ОН во организација на Првата дама на САД, Меланија Трамп, како и на настан на високо ниво кој го приредува првата дама на Република Турција, Емине Ердоган, додаваат од кабинетот на Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

