Македонија
МВР контра Мицкоски: Полициските акции не се политички мотивирани
Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите изнесени од страна на Христијан Мицковски преку социјалната мрежа „Фејсбук“ за наводни упади во домови на активисти на ВМРО-ДПМНЕ поради, како што вели, нивното незадоволство од она што се случува во државата.
„Полицијата, по смената на раководството во 2017 година, работи професионално и само и исклучиво врз основа на законите. Во согласност со законските надлежности се преземаат разни акции, но ниту една не е мотивирана од политички мотиви, туку исклучиво за санкционирање одредено криминално дејствување, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните. На тој начин полицијата ќе продолжи да работи и во наредниот период сè со цел граѓаните да се чувствуваат безбедно“, се вели во реакцијата.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвини дека минатата недела полицијата влегла во домовите на повеќе активисти и поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Тој на „Фејсбук“ напиша дека луѓето кај кои влегле специјалците со оружје биле чесни луѓе, кои отворено ја критикувале власта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

