Македонија
МВР: Изборот на правно лице за добивање лиценца за испитен центар на подрачјето на Струмица е спроведен согласно законот

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира невистините изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во врска со јавниот конкурс за избор на правно лице за добивање на Лиценца за испитен центар на подрачјето на СВР – Струмица. Од МВР соопштија дека огласот е спроведен исклучиво во согласност со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Според условите предвидени во конкурсот, а согласно Законот, нема законско ограничување во кој временски рок треба да биде формирано правното лице.
„Во врска со овој оглас, а заради добивање на лиценца за испитен центар на подрачјето на СВР – Струмица се пријавија две правни лица: Асструмекс ДОО Струмица од Струмица и Испитен центар Струмица ДООЕЛ од Струмица.
Во периодот од 25 до 28 јули 2018 година стручната комисија изврши теренски увид над исполнетоста на потребните услови за добивање Лиценца за испитен центар во двете правни лица, при што се изготви Бодовна листа на кандидатите.
Оценувајќи ги критериумите кои се предвидени во Законот и Правилникот, а дадени како услови во Јавниот оглас, правното лице Испитен центар Струмица ДООЕЛ од Струмица освои повисока вкупна оценка, со што согласно законот се исполнети условите за добивање на лиценцата“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Комисијата утврди дискриминација врз професионалните војници – синдикатот бара итни законски измени

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди индиректна дискриминација врз професионалните војници од страна на Министерството за одбрана, информира Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје.
Претставката до Комисијата ја поднел Александар Насковски, претседател на синдикатот и професионален војник, на 12 ноември 2024 година. Според него, Министерството со години не го трансформира работниот однос на професионалните војници од определено на неопределено време, спротивно на член 46 од Законот за работни односи.
„Професионалните војници се единствената категорија вработени во државата кои работат и по 25 години со договори на определено време, често продолжувани и по седум или осум пати, без можност да остварат право на пензија“, изјави Насковски.
По долготрајна институционална игнорација, синдикатот на 3 јуни 2025 година достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата до Собранието и сите пратенички групи. Со предложените измени се предвидува конечно уредување на статусот на професионалните војници и спроведување на препораките од Комисијата.
Синдикатот очекува Министерството за одбрана и пратениците да постапат по препораките и да ја исправат, како што велат, децениската неправда, со што ќе се постигне и буџетска заштеда за институцијата.
Македонија
Ангелов на состанок во Берово: Планирање на акција за справување со пожарот над Русиново

Раководителот на Главниот штаб за управување со кризи и директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, синоќа присуствуваше на координативниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Берово, предводен од градоначалникот Звонко Пекевски.
На работниот состанок се анализираа извештаите за движењето и интензитетот на пожарот во планината над селото Русиново. Како главни предизвици беа посочени променливиот ветер, остатоците од стари пожари – шупливи дрвја кои при горење паѓаат по стрмнините – како и непристапниот терен, што значително го отежнува гаснењето.
Според соопштението од ДЗС, состанокот траел подолго поради разгледување на повеќе стратегии за утринска интервенција. Се планира комбинирана акција со теренски сили, механизација и ангажман на воздухоплови, чија активност ќе се координира од земја во согласност со конкретните дневни услови.
Ова е дел од континуираните напори за справување со активните пожари во источниот дел на земјата.
Македонија
Tри улици од Карпош ќе останат околу шест часа без струја

Без електрична енергија денес ќе останат корисниците од три улици во Карпош.
Во периодот од 08.15 до 13.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците Иван Цанкар – парни броеви, Франц Прешерн – непарни броеви и Вангел Дину. ( општина Карпош ), информира ЦУК по известување добиено од ЕВН.