Македонија
МВР: Нови 16.000 униформи за припадниците на полицијата
Како една од компонентите согласно планот за материјално-техничко подобрување на работната средина на полициските службеници, а која произлезе од новата стратешка позиционираност што ова раководство на МВР ја утврди во 2017 година, е и континуираното вложување во опременоста на полициските службеници,како логична алка во активностите за мотивирање на полицијата, а сѐ со цел унапредување на севкупната безбедност на граѓаните.
Деновиве, во магацините на Министерството за внатрешни работи испорачани се вкупно 16.000 летни и зимски панталони и здолништа за припадниците на полицијата, со вредност од 31.008.559 денари со вклучен ДДВ, а по претходно распишана јавна набавка на униформи за 2021 година.
Испорачаните униформи вклучуваат 6.452 машки зимски и летни панталони, 758 женски зимски и летни панталони и 790 зимски и летни здолништа, а согласно динамиката на испорака очекуваме пристигнување високи специјални чизми и ремени, со кои ќе се комплетираат испораките од спроведените јавни набавки на униформа во 2021 година.
Периодов во магацините на МВР пристигнаа и 8.000 зимски јакни за припадниците на полицијата за кои распределбата почна на 11.3.2022.
Ова раководство на МВР зазеде одлучен став за драстично зголемување на инвестициите во униформи за сите припадници на полицијата за што јасно укажува и вредноста на самите набавки на униформи за време на раководењето на Министерството од страна на министерот Оливер Спасовски, односно за периодот од 1.6.2017 до 18.1.2022 реализирани се инвестиции во униформи во вредност од над половина милијарда денари со вклучен ДДВ или безмалку 10 милиони евра.
Така, денеска можеме да се пофалиме дека сите организациони единици на полицијата добија нови униформи, специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за другите полициски службеници, а само за шест месеци во претходната 2021 година, од јули до декември, обезбедивме 10.000 кошули со долги ракавави и 10.000 кошули со куси ракави за припадниците на полицијата, 2.330 флуоросцентни елеци, 660 комплет униформи за приправници, 30 комплети работни костими за кујни, 34 воздухопловни јакни, 19 воздухопловни комбинезони и 7 специјални заштитни комбинезони како дел од униформата за воздухопловниот персонал, 473 цивилни облеки, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли, 8.000 поло-маици, 10.000 рала полувисоки чевли.
Меѓу другото, во рамките на планот за материјално-техничко подобрување на условите за работа на полициските службеници реконструиравме и саниравме 71 објект на МВР на територијата на целата држава, трансформирани и на енергетски план, со нови системи за ладење и греење, промена на прозорци и врати, подови и покриви, нови термоизолациски фасади, со што директно овозможуваме заштеди во буџетот, ги намалуваме емисиите на штетни гасови, придонесуваме кон заштита на животната средина. Во моментот интензивната градежна офанзива е во тек на уште 6 објекти, и тоа: ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, со тоа што неодамна беше промовиран објектот на Единицата за внатрешни работи Карпош како 71. реконструиран објект. Исто така, обезбедивме и поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациски единици, а се модернизира и возниот парк.
Го одржувме и континуитетот на исплата на редовна бонус плата, покрај исплатата на трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови во претходната година, насбргу ќе биде исплатена и бонус платата за 2021 година, а со буџетот на МВР за 2022 година обезбедени се и средства за зголемување на платата за 5 % на сите вработени во МВР од септември 2022 година. Согласно новиот Закон за минималната плата, минималната бруто-плата изнесува 26.422 денари. За вработените во МВР, на кои им се исплатува плата по Законо за работните односи, извршено е усогласување со минималната плата и почнувајќи од март, сите вработени по овој закон ќе имаат усогласени, односно зголемени плати.
МВР продолжува со обезбедување квалитетни услови за работа на полициските службеници секогаш имајќи го предвид имплементирањето на високите стандарди на материјални-техничката опременост на полициските служби од водечките земји во Европа и светот, а сѐ со крајна цел – создавање професионален сервис за граѓаните оправдувајќи го и нашето мото: опремена полиција – безбедни граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Полицајци спасија жител на Македонска Каменица кој останал заглавен на тераса во пожар во неговата куќа
Полициски службеници спасија жител на Македонска Каменица, кој беше заглавен на тераса откако настана пожар во неговата куќа, соопшти МВР.
Вчера попладне во 13:23 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„14 Јуни“ во Македонска Каменица настанал пожар во куќа, сопственост на Љ.Ѓ.(80).
Полициски службеници од СВР Штип – Полициско одделение Македонска Каменица излегле на местото и го затекнале сопственикот заглавен на тераса на вториот кат, по што се преземени мерки и со помош на скали безбедно го спуштиле.
Нему му е укажана помош во Клиничка болница Штип поради вдишување чад, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Пожарот е изгаснат од Територијалната протипожарната едница Македонска Каменица. Увид е извршен.
Македонија
Менаџер на продавница во Скопје украл 2,7 милиони денари, парите од дневниот промет си ги ставал во џеб
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице вработено во продавница во трговски центар во Скопје. Тој е осомничен дека украл 2,7 милиони денари, а според последните информации од истрагата, тој сè уште ги крие парите.
Осомничениот 35-годишник ја злоупотребил својата службена положба – менаџер на продавница во трговски центар во Чаир, како и дадената доверба и пристапот до касите и сефот, па во периодот од 18.12.2025 година до 04.02.2026 година, во повеќе наврати одземал парични средства што му биле доверени. Парите од дневниот промет не ги депонирал во сеф ниту ги предавал на овластено лице за собирање и транспорт на прометот. На овој начин осомничениот незаконски присвоил 2.783.867 денари и ја оштетил компанијата во која работел.
Бидејќи откако бил откриен тој веднаш бил отстранет од работното место, јавниот обвинител предложи и дополнителни мерки на претпазливост во текот на постапката – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува во судот и привремено одземање на пасошот.
Притоа, обвинителството го имаше предвид ризикот од бегство како и фактот дека осомничениот сè уште ги крие и не ги враќа противправно одземените пари на правното лице.
фото/Depositphotos
Македонија
Хоџа: Продолжува партнерството со Светска банка за системска борба против аерозагадувањето
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари работна средба со претставници на Светската банка, предводени од Карол Мегеванд, на која беше разговарано за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на управувањето со квалитетот на воздухот.
Од Министерството информираат дека на средбата било констатирано дека во моментов се имплементираат повеќе значајни проекти насочени кон подобрување на состојбата со аерозагадувањето, но дека останува потребата од дополнителни инвестиции.
Министерот Хоџа истакнал дека негова цел е системска промена во справувањето со аерозагадувањето, како клучен приоритет во неговата работа и во работата на Министерството. Тој нагласил дека долгорочните и одржливи решенија бараат силно партнерство со меѓународните институции и континуирана поддршка во спроведувањето на реформите.
Во таа насока, Хоџа изразил подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со Светската банка, нагласувајќи дека отворената комуникација ќе продолжи и во иднина, со заедничка цел – подобрување на квалитетот на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните.
Министерот посочил дека Министерството и Владата континуирано работат на унапредување на квалитетот на воздухот преку Акцискиот план за чист воздух, Програмата за периодот 2024–2030, како и преку тековните проекти финансирани преку ИПА 2 и ИПА 3. Притоа, било истакнато дека останува потребата од дополнителни инвестиции и засилена техничка поддршка, за да се намали загадувањето и да се обезбеди чиста животна средина за сите граѓани.

