Македонија
МВР упадна во локали во Аеродром, утврдени неправилности
Доцна синоќа во периодот од 22 до 4 часот, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето“, полициски службеници од СВР Скопје во содејство со инспектори од Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, спроведоа акциски контроли во угостителски објекти на подрачјето на Скопје.
Во рамки на контролата, во еден угостителски објект на подрачјето на Аеродром биле констатирани неправилности од страна на УЈП согласно Законот за регистрирање на готовинско плаќање, додека трудовата инспекција утврди непријавени работници во објектот.
За констатираните неправилности ќе бидат изречени санкции. Во друг угостителски објект на подрачјето на Аеродром констатиран е прекршок во врска со присуство на малолетник по полноќ и ќе следува соодветна санкција.
При контролата во угостителски објекти во Градскиот парк, во два од нив УЈП констатира неправилности од Закон за регистрирање на готовинско плаќање, недостатоци се утврдени и од страна на пазарната и трудовата инспекција, за кои се дадени соодветни задолженија за правните лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

