Македонија
Мерката за групирање по максимум двајца не важи за градежните работници

Градежните компании кои изведуваат активности мора да се придржуваат до препораките на Владата и задолжително да ги применуваат во работниот процес, информираат од Министерството за транспорт врски.
Согласно ова, од таму налагаат сите градежни компании да го организираат работниот процес и работното место на начин кој ќе биде во согласност со вонредните мерки.
„Сакаме да појасниме дека одлуката за ограничување на движење на максимално две лица на цела територија на земјава се однесува за движење на јавни места и јавни површини. Оваа мерка не ги опфаќа работниците од градежниот сектор при реализација на нивните работни обврски, што подразбира дека тие можат слободно да ги извршуваат своите работни задачи и својот превоз според природата на работата во рамки на работното место на начин организиран од работодавецот“, појаснуваат од Министерството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.