Македонија
Меркел за првпат во посета на Македонија
Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска за првпат доаѓа во посета на Македонија. Веста за нејзината посета пред неколку дена ја објави нејзиниот портпарол, Штефан Зајберт.
„Сè уште се работи на програмата, но сега можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев”, рече Зајберт најавувајќи го доаѓањето на Меркел и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатералните прашања”. Тој исто така додаде дека канцеларката Меркел сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, којшто ќе се одржи на крајот од месецот.
Во пресрет на референдумот во посета на Скопје покрај Меркел, беа и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и австрискиот канцелар, Себастијан Курц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

