Македонија
Метеоролозите најавуваат поројни дождови в недела и понеделник

Управата за хидрометеоролошки работи најави дождови на крајот на седмицата кои ќе бидат наместа поројни.
„Под влијание на циклонска активност во Медитеранот и влажна воздушна маса, в недела кон крајот на денот и в понеделник врнежите ќе бидат пообилни, а на места и поројни (над 35 л/м2)“, информираат од УХМР.
В понеделник на планините ќе вее снег.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Левица: Премиере, наместо манипулации за Левица, објаснете зошто не покренувате постапка против Заев и како го амнестиравте Груби

Политичката партија Левица преку соопштение до медиумите му постави неколку прашања на премиерот Христијан Мицкоски.
„Нѐ радува што најголемиот кошмар на корумпираните елити, меѓу кои и самиот премиер Христијан Мицкоски, е токму Левица. До таа мера сме им трн во око, што нивните партиски митинзи започнуваат со повторување на лажни и шизофрени тези насочени против нас. Премиерот, кој треба да претставува државнички капацитет и стабилност, секојдневно ја дискредитира својата функција со контрадикторни изјави – наутро тврди дека Левица е во коалиција со ДУИ, а навечер дека токму ДУИ со своето негласање придонеле за забрана за рекламирање на Левица.
Секој рационален човек гледа дека Левица никогаш не била и нема да биде во коалиција со било која партија. Постојат само две страни – Левица и народот, наспроти криминогените партиски картели.
Во обид за политички маркетинг, Мицкоски продолжува со своето себепонижување во име на коалицискиот партнер ВРЕДИ. На митинг на ВМРО-ДПМНЕ ги бранеше и повикуваше своите членови да гласаат за кадрите на ВРЕДИ, претставувајќи го како најголемо зло тоа што Левица има кандидати во Тетово, Струга и Гостивар, градови кои ВМРО и СДСМ одамна ги избришаа од мапата на Македонија.
Премиере, кога ветувавте дека ќе го вратите достоинството на народот – ова ли го имавте на ум? Да ги терате сопствените членови да гласаат за луѓе кои јавно пропагираат соништа за Македонија како втора албанска држава, а во име на тие соништа жестоко ја напаѓате Левица?
Да потсетиме, кога се собра мнозинство за изгласување недоверба на владата на Заев, на таа маса седеше и Левица. Додека ние го баравме „исчезнатиот“ пратеник поради кој таа влада не падна, Вие објавувавте слики како вадите масно ткиво. Сега, кога сте на власт, зошто во име на бизнисите не покренавте ниту една постапка против Заев, додека тој гради раскош во Дубаи?
А речиси една година по исценираното бегство на Артан Груби, јавноста сè уште чека одговори. До
Македонија
Извршителите ќе имаат увид во пензиите, Правда потпиша меморандум за соработка со Комората на извршители и Фондот за пензиско

Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа меморандум за соработка со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.
Од Министерството за правда велат дека целта на меморандумот Целта на Меморандумот е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што се овозможува поголема правна сигурност за граѓаните, заштита на личните податоци, почитување на етичките стандарди, грижа за најранливите категории, особено пензионери со минимална пензија, јасни и транспарентни процедури и поефикасно спроведување на извршувањата.
„Со овој чекор се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување од страна на сите засегнати страни“, велат од Министерството за правда.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат градат правосуден систем врз принципите на доверба, отчетност и транспарентност, со посебна грижа за најранливите граѓани.
Македонија
Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
„Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни“, соопштија од Судот.
Од таму велат дека станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник.
Советот за оцена на обвинителен акт денеска во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“.