Македонија
„Меѓаши“ со поддршка за барањата на Сојузот на средношколци
Од Детската амбасада „Меѓаши“ велат дека потполно ги поддржуваат средношколците во нивните напори да бидат слушнати и вклучени во донесувањето одлуки поврзани со начините на изведување настава во текот на претстојната учебна година.
„Исклучително е важно вашето учество како средношколци, особено за прашања кои директно ве засегаат. Тоа е показател за вашата зрелост и висока свест да ја преземете одговорноста за сопствениот живот, одговорноста кон себе и кон општеството“, се вели во пораката која од Првата детска амбасада ја упатуваат до средношколците.
„Свесни сме на притисоците на кои сте изложени и најостро ги осудуваме нападите кои одат кон вас, особено оние на етничка основа. Сметаме дека овие напади се обид за неосновано дискредитирање на вашите барањата што е одраз на недостатокот на демократска култура во нашето општество“, се додава во соопштението.
Исто така се објаснува дека во изминатиот период до „Меѓаши“ се обратиле повеќе ученици со цел споделување на нивните ставови во однос на начините на изведување на наставата во претстојната учебна година.
„Постои плурализам на мислења и со оглед на тоа, ве замолуваме да ги земете предвид и мислењата на средношколците/ките кои се со различни мислења и ставови од вашите, да се грижите и нивните гласови да бидат слушнати, како помеѓу вас така и пред институциите“, се истакнува во пораката.
Од „Меѓаши“ упатуваат апел до институциите да обезбедат континуирано и системско учество на учениците, средношколците и основците, во донесување на одлуките од областа на образованието.
„Ваквото учество не смее да биде сведено на еднократни средби, по кои учениците нема да бидат известени ниту дали, ниту пак како нивните мислења биле земени предвид во донесувањето на одлуките“, се вели во пораката од Првата детска амбасада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

