Македонија
Меѓуверскиот дијалог е од големо значење за Македонија, порача американскиот заменик на помошник-државниот секретар, Мароко
Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот, претставен од националниот координатор Борче Петревски, придружуван од замениците Џеладин Ајвази и Златко Апостолоски, оствари работна средба со заменикот на помошник-државниот секретар на САД и шеф на Бирото за конфликти и операции за стабилизација, Пит Мароко, и неговите соработници.
Како што информираат од Владата, на работната средба се разговарало за приоритетите и иницијативите за спречување на насилниот екстремизам и напорите за зајакнување на регионалната соработка со земјите од Западен Балкан.
Била потенцирана и важноста за меѓуверски дијалог во Република Македонија.
Мароко, кој е во посета на Македонија во рамките на турнејата низ земјите од Западен Балкан, упатил честитки за чекорите што земјата ги презема во остварувањето на евро-атлантските аспирации, посебно потенцирајќи дека договорот со Грција е резултат на комплексни разговори и преговори.
Претставниците на Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот и претставниците од Стејт департментот споделиле искуства од активностите што се преземаат за спречување на радикализацијата и насилниот екстремизам кои водат кон тероризам и се согласиле дека надминувањето на овие проблеми се врвни безбедносни приоритети за Република Македонија.
Како многу важна била оценета и соработката со земјите во регионот и вклучувањето на Македонија во регионалните програми за превенција на насилниот екстремизам.
Националниот координатор Петревски го запознал американскиот заменик на помошник-државниот секретар, Мароко, со конкретните активности што Националниот комитет за спречување на насилниот екстремизам и борба против тероризмот ги презема во 2018 година, како и со приоритетните цели што се планираат за периодот 2019-2022 година.
Тој истакнал дека Владата е посветена на превенцијата и сузбивањето на овие закани со координирана акција и заедничка стратегија со стратешките партнери на Република Македонија, САД, земјите на ЕУ, како и соседите во регионот.
На средбата била оценета и важноста на двете национални стратегии за борба против тероризмот и за спречување насилен екстремизам, кои со придружни акциски планови беа усвоени на седницата на Владата на 6 март годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

