Македонија
Меѓународен добротворен базар во Скопје
Во ГТЦ денеска се одржа традиционалниот „Меѓународен добротворен базар 2019“ на кој на повеќе од 20 штандови се промовираа и продаваа производи и сувенири од земјите на дипломатските претставништва во Република Северна Македонија и други меѓународни организации.
„Овој настан не обединува во одбележувањето на Меѓународниот ден за заштита на правата на децата – 1 јуни, ден на кој што е посветен и овој меѓународен добротворен базар. Ве поканувам да ни се придружите во овие активности, да се соберат колку што е можно повеќе средства кои годинава ќе бидат наменети за Дневниот центар за деца со церебрална парализа. Ова е прилика каде што секој од нас има можност да биде хуман и лично да придонесе во собирањето на средствата кои на овие дечиња им се повеќе од потребни“, рече градоначалникот Шилегов, на отворањето на добротворниот базар.
На годинешниот базар производи од нивните држави продаваа претставници на 27 амбасади и меѓународни организации во земјава.
„Меѓународниот добротворен базар“ се одржува по повод 1-ви јуни, Меѓународниот ден за заштита на правата на децата, а е во организација на Здружението „Macedonia Welcome Centre – DMWC“ во соработка со амбасадите и меѓународните организации и со поддршка од Град Скопје. Почесен претседател на Меѓународниот добротворен базар 2019 година е Неговата Екселенција Г-дин Мирослав Томан, чешкиот амбасадор во Република Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

