Македонија
Меѓународната конференција за влијанието на големите сили врз безбедноста на малите држави во Охрид
Во недела (23.06.2019 година) во 17.00 часот во хотел Метропол во Охрид свечено ќе се отвори 10-тата по ред дводневна Меѓународната научна конференција „Влијанието на големите сили врз безбедноста на малите држави„ која е една од најголемите меѓународни научни собири во регионот, а ја организира Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на Фондацијата „Ханс Зајдел„ од СР Германија и покровителство на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.
Конференцијата ќе ја отворат Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски, Претседалот на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување м-р Верица Милевска Стефановска, Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски и претставник на општината Охрид.
На конференцијата ќе присуствуваат професори од над 15 тина земји меѓу кои од Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Индија, Мароко, Турција, Русија, Словачка, Чешка, Бугарија, Србија, Грција, Албанија, Хрватска, Словенија и други.
На конференцијата ќе се дебатира за геополитички судир на концепти и идеологии во регионот, радикализмот и Балканот, руското влијание на Балканот- фактор на дестабилизација или економски развој, влијанието на турската надворешна и безбедносна политика и Балканот, процесот еден појас-еден пат, Кина помеѓу економски промотор и демократски уназадувач, улогата на САД на Балканот, германските интереси во регионот, регионот како транспортен коридор за бегалци, безбедносните стратегии и црвените линии на Балканот и улогата на недржавните актери во безбедноста на Југоисточна Европа.
Меѓу другото на големата меѓународна конференција во Охрид ќе се разговара за новите безбедносни предизвици и асиметрични закани, безбедноста помеѓу стратегиите и црвените линии на Балканот, потоа за хибричните закани како нови предизвици за безбедноста, современи форми на криминал како глобална закана, зајакнување на капацитетот на малите држави и капацитетите за борба против корупцијата и организираниот криминал.
Мисијата на конференцијата е да се поттикнат академската заедница и практичарите од областа на безбедноста да разменуваат сознанија базирани на користење на научни методи за истражувања од областа, но и да се исползуваат искуства од практиката за да може на истите да им се даде научно-истражувачка димензија.
Научниот собир во Охрид e еден од најдобрите академски собири од областа на безбедноста во регионот за експертите, професорите и практичарите од областа безбедноста, меѓународната политика, криминалистиката и криминологијата.
Факултетот за безбедност-Скопје во соработка со надлежните институции има клучна улога во унапредувањето на безбедносниот систем и креирање на безбедносните политики. Воедно има за цел да влијае врз зголемување на безбедноста и стабилноста во Република Македонија, регионот и пошироко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

