Македонија
Меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“, Сити колеџ, почна кампања за регрутирање и упис на нови студенти
Сити колеџ, меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“, ги почна уписите на нови студенти за академската 2019 – 2020 година. Кампањата за регрутирање студенти се одвива преку понуда на квалитетни и иновативни додипломски, постдипломски и извршни MBA-студиски програми.
Академските програми за додипломски студии се понудени во четири оддели – Бизнис, администрација и економија, Компјутерски науки, Англиски студии и лингвистика, како и во одделот Психологија. Постдипломските студии нудат широк спектар на студии од разни области, меѓу кои клиничка невропсихологија, когнитивна невропсихологија, меѓународен менаџмент и лидерство во здравство, напредно инженерство на софтвер за веб и мобилни апликации, менаџмент на хотели и туризам, маркетинг, рекламирање и односи со јавност, кои се само дел од студиските програми што се дадени во академската понуда.
Покрај богатото студиско портфолио на меѓународниот факултет на Универзитетот „Шефилд“, Сити колеџ, со завршување на студиите се добива диплома од еден од 100-те најдобри универзитети глобално и призната во 196 држави, односно во целиот свет. Студирањето се одвива во вистински меѓународна академска средина, со студенти и професори од над 20 националности. Глобалната репутација е изградена врз одличното и квалитетно образование базирано на истражувачка и практична работа.
Од професорскиот кадар, на Универзитетот „Шефилд“ има дури 6 добитници на Нобелова награда, а дипломците и студентите од овој универзитет се на позиции со голема одговорност и влијание во целиот свет давајќи значаен придонес во општеството. Со групи не поголеми од 35 студенти, на идните професионалци им се нуди одлична академска поддршка, а од огромната функционална мрежа на дипломци во земјата и пошироко во регионот студентите имаат секогаш достапна поддршка.
Универзитетот „Шефилд“ е рангиран меѓу најдобрите 100 универзитети од целиот свет, (22. место во Европа, 75. во светот – според QS ранг-листата за 2019). Има шест академски факултети, пет во Велика Британија и меѓународниот факултет Сити колеџ во Солун, Грција. Сити колеџ речиси три децении ги реализира програмите на Универзитетот „Шефилд“ во Грција и на други локации во регионот на Југоисточна Европа и на Кавказ давајќи им можност на студентите и професионалците да студираат и да се стекнат со дипломи од врвен британски универзитет.
За повеќе информации, заинтересираните кандидати може да се обратат до следниот линк.
(Платена ПР-објава)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега
„Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова“, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
„Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда“, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
Македонија
„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма
Иновативната формулација на „Алкалоид“ АД за лекот со додадена вредност „Омепразол“ во течна форма, готов за употреба, прва од ваков тип во светски рамки, е прогласена за „Патент на годината за 2023“ од Државниот завод за индустриска сопственост, во рамките на пригодното одбележување на Светскиот ден на интелектуалната сопственост – 26 април.
Меѓународната патентна пријава на „Алкалоид“ за „Oмепразол“ во течна форма беше поднесена на 17 април 2020 година, со опфат на голем број региони и земји, меѓу кои земјите од Европската Унија, САД, Канада, Кина, земјите од Евроазиската економска унија и други. Патентната пријава при Европскиот завод за патенти, чии ингеренции опфаќаат патентни активности во 39 земји во Европа, беше одобрена на 3 август минатата година и валидирана во триесетина земји, меѓу кои и Македонија.
Патентот на „Алкалоид“ АД ја заштитува течната фармацевтска дозна форма на „Омепразол“, која се базира на два посебни раствори содржани во двокоморско пакување, кое при отворањето автоматски ги меша двата раствора и така се добива готовиот течен омперазол за употреба. Овој препарат е наменет, пред сѐ, за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) кај малите деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасните пациенти кои имаат тешкотии со голтањето (пациети со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти со поставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).
Државниот завод за индустриска сопственост е основан на 1 декември 1993 година како самостоен орган на државната управа и е надлежен за вршење на работите во врска со стекнувањето и со заштитата на правата од индустриска сопственост кои опфаќаат патенти, индустриски дизајни, трговски марки и ознаки за потеклото на производите. Оваа институција триесетта година по ред традиционално организира активности во насока на афирмација на улогата на индустриската сопственост во поттикнувањето иновации и креативни творби.
ПР
Македонија
Први и шести мај неработни за сите граѓани на Македонија, трети мај за граѓаните од православна вероисповед
Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:
1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија.
06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.