Македонија
Меџити: „Влен“ ги исполнува ветувањата – коцкањето надвор од домовите
„Едно од нашите предизборни ветувања беше дека ќе ги преземеме сите неопходни чекори за третирање на една од нај негативните општествени појави – коцкањето. „Влен“ има план за справување со штетните последици од коцкањето и истиот почна да се спроведува. Онака како што ветивме. Првиот чекор од овој план е тргнувањето на коцката од домовите“, кажа на денешната прес-конференција, првиот вицепремиер, Изет Меџити.
„Благодарение на погрешните, неодговорни и коруптивни одлуки на министрите на ДУИ, преку отворање на три нови компании за организирање на интернет игри на среќа, коцкањето преку мобилните уреди и компјутерите влезе во домовите и младината стана уште полесна цел на крајно девијантни појави.
Затоа, поднесовме барање за автентично толкување на член 7 од Законот за игри на среќа и за забавните игри за да добиеме прецизно толкување дали одлуката на претходната Влада и раководството на Државна лотарија за интернет коцкање има законски основ. Автентичното толкување е изгласано од мнозинството пратеници и со него се предвидува дека интернет игри на среќа може да се организираат само врз основа на важечка лиценца.
Земајќи предвид дека сите компании кои во времето на Артан Груби и Прпарим Бајрами учествуваа на јавен повик и беа избрани да организираат интернет коцкање немаат лиценци, тоа значи веднаш и без одлагање ја тргнуваме коцката како општествено зло од домовите на нашите граѓани.
Следната точка од планот за справување со штетните последици од коцкањето е покренување соодветни правосудни постапки за докажување на злоупотреби на службена положба и овластувања на сите надлежни кои учествувале во донесување на незаконити одлуки поврзани со организирање различни видови игри на среќа. Конечно, веќе работиме и во разумен рок Владата ќе му предложи на Собранието нов закон за игри на среќа и забавни игри, кои ќе содржи низа одредби со кои сме сигурни дека бројот на постоечки објекти за коцкање ќе се намали минимум за половина.
Во рамките на владејачката коалиција има политичка волја овој план да се спроведе во целост. Преминуваме на дела“, изјави Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

