Македонија
Меџити: Од денес се инсталира новиот акцелератор на УКРО

Министерството за здравство информира дека од денеска започнува инсталацијата на новиот акцелератор на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Министерот Меџити инфомира дека првите две фази на демонтажа на дваесет години стариот акцелератор е завршена и направена е адаптација и реновирање на бункерот.
„Проблемите ги решаваме брзо и ефикасно. Со задоволство информирам дека од денес започнуваме со монтажата на новиот акцелератор Varian 6116 на Клиниката за Радиотерапија и Онкологија. Деинсталацијата на линеарниот акцелератор стар околу 20-тина години која започна во август е завршена и направена адаптација и реновирање на бункерот“ – информираше министерот Меџити.
Во првата фаза се предвидува физичка инсталација на системот, по која следат мерења,калибрации, моделирања на системот до конечно пуштање во употреба. Исто така се предвидува вршење на обука за работа до апаратот. Согласно предвидената динамика инсталацијата и останатите активности се предвидува да завршат за околу 3-4 месеци, по што истиот ќе биде пуштен во употреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно место се објавени?

Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени?, прашува Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пешевски е на чело на синдикат каде работниците на скелиња земаат минимална дневница, за разлика од таа на Пешевски, кој е поставен таму не од граѓаните како пратениците, туку од тесен круг од неговите пријателчиња од ССМ. И таа позиција си ја наследуваат од колено на колено, како и неговите пријатели и ментори од црвената буржоазија на СДС.
Ако Пешевски со имот и примања како комунистички директор е претставник на работничките права, тогаш неговиот ментор Заев е чесен човек, а тие Лехваленса, објави на ФБ Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ“.
Македонија
One Stop Shop од средината на април ќе се воведе на границата со Косово

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека од средина на месец април (14.04.2025) официјално ќе започне со работа заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на заеднички граничен премин Долно Блаце – Елез Хан.
„Овој чекор претставува конкретна реализација на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово, со цел олеснување на прекуграничното движење, намалување на времето на чекање и зголемување на ефикасноста на граничните контроли“, соопштуваат од МВР.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија чиј премиер Ковачевски даваше земја за фотоволтаици на сопствената сопруга, и Заев кој даваше лиценци на брат му

„СДС да каже кој закон е прекршен, со набавката во Министерството за дигитализација? Дали вработениот кој го посочуваат е некој функционер или член на комисија која одлучува во однос на набавките? Наместо да манипулираат СДС треба да ја прифатат реалноста дека не се работи како до сега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Да потсетиме дека премиерот од СДС, Ковачевски даваше земјиште за фотоволтаици на својата сопруга, и тоа со одлука на владата со која тој управуваше. Премиерот на СДС, Заев, даваше тендери и лиценци на фирмите на братот, братучедот и роднините“, посочувааат од партијата и додаваат:
„СДС е партија чии претседатели делеа бизниси на своите семејства“.
Претходно Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ рече дека постои нов скандал во министерството на Андоновски и дека тендер добиле родители на негов вработен.