Македонија
Меџити: Охридскиот договор е договор за државата – не е договор за вечно учество на политичка партија во власта

На панел-дискусијата, што се одржа денеска по повод денот потпишувањето на Охридскиот договор, организаторот и домаќин, Изет Меџити, во својство на прв вицепремиер, меѓу другото, рече: „Темата на Охридскиот договор е оживеан во последните денови, но, за среќа, лошо, не во негово позитивно светло, туку како инструмент за манипулирање со мислењето“.
„Дозволете ми да заклучам денеска со тоа што Охридскиот договор е договор за државата – не е договор политичка партија да биде вечно на власт. Периодот пред нас ќе биде период во кој ќе отвориме нова етапа на политика и креирање политики. Северна Македонија од држава/општество со договор ќе напредува кон општество на слагање, односно од постконфликтно општество, чие функционирање е загарантирано со мировен договор, наша задача е Северна Македонија да направи модерно општество, во кое институциите ќе одразуваат целосна еднаквост на секое ниво и димензија на работење. Накратко, не можеме вечно да се согласуваме. Сега дојде време постигнатите договори да се вратат на основата за модернизација и европеизација на државата“, рече Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Делови од Карпош, Студеничани, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 14:00 часот, дел од корисниците од населба Бардовци, (во околината на фирмата СВИСЛИОН), општина Карпош;
· од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од селата: Елово, Црн Врв и Малчиште, општина Студеничани;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од дел од ул. Трајко Бошковски, општина Ѓорче Петров;
· од 13:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Добри Дол, општина Сопиште.
Македонија
Изменет сообраќаен режим во наредните четири дена во Скопје кај кањонот Матка-реката Треска

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот.
„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.
Македонија
(Видео) Спасувачка мисија на полицискиот хеликоптер во Струмичко

Вчера полициски хелиокптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во Василево, село Нивичино.
Поради разгорување на пожарот и опасност кон викендици и лица што дејствуваат во гаснење на пожарот полицискиот хеликоптер со прецизни налети дејствуваше во близина на патот и објектите кои што беа обиколени со пожар за да се обезбеди безбеден премин и да можат екипите од терен на безбедно да извршат евакуација на загрозените лица и да се повлечат на безбеден терен.