Македонија
Меџити: Следната недела лекот „трикафта“ кај пациентите
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска, информира дека следната недела лекот „трикафта“ ќе им биде доделен на пациентите.
„Морам да кажам дека поголем дел од јавноста, па и медиумите, беа скептични дека ќе се реализира набавката на ‘трикафта’, па еве најавувам следната недела пристигнува ‘трикафта’. Лекот ќе им биде доделен на пациентите, на тие 12 пациенти веќе што ги имавме кога дојдов како министер за здравство, за нив ќе има уште за два месеца и ќе го продолжиме, тоа подразбира до април ќе ја има сигурно терапијата, а за другите пациенти ќе ги вклучиме во согласност со сите критериуми што се дадени од експертите на Детската клиника. Ова што го зборувавме на времето е реалност и така ќе постапуваме. В година, и 2024 и 2025, знаете дека со информација до Владата дека поминаа 854 милиони денари, го имаме покриено системски не само овој проблем туку и сите проблматични импликации што ќе се појавуваат во здравството“, рече Меџити.
Во однос на прашањето зошто е поскапен лекот „трикафта“ за 250 илјади денари по пациент, министерот истакна дека информациите не се вистинити и дека како Министерство за здравство, Фондот за здравствено осигурување и јавните набавки се дало согласност до Клиниката за детски болести да ја изврши целокупната набавка за да се добие на време, да биде од итност и побргу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

