Македонија
Меџити: Улицата „Ферид Мурати“ во Чаир се реконструира со инвестиција од 1 милион евра
Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес информираше за еден од најголемите инфраструктурни проекти во Чаир-целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати“.
Во соработка со општина Чаир, Светска банка и Министерството за транспорт, се гради модерна улица со должина од 1 километар. Меџити истакна дека инвестицијата изнесува 1 милион евра.
„Проектот опфаќа комплетно асфалтирање, две регулирани коловозни ленти, стандартизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни на улицата, легално паркирање и нов систем за улично осветлување. Постоечките семафори ќе бидат заменети со модерен кружен тек, рече Меџити.
Како што соопшти, работите се очекува да завршат до март 2026 година. Оваа инвестиција ќе овозможи современи услови за движење на граѓаните, побезбеден сообраќај и функционални простори за жителите на Чаир, додава Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Изворска Јуниор пренесува еко пораки преку проектот ЕКО авантура!
Во изминатиот период, во речиси сите градинки во Скопје се реализираше едукативниот проект на Изворска Јуниор – „ЕКО авантура“.
Одиграни беа преку 60 претстави пред повеќе од 11.000 присутни мали гледачи, а караванот продолжува и во другите градови низ државата.
Преку „ЕКО авантура“, Изворска Јуниор ја пренесува пораката дека грижата за себе и грижата за природата се учат паралелно. Децата преку игра, приказна и интеракција добиваат први навики за хидратација, правилно справување со отпад и почит кон средината во која растат.

Претставата е во продукција на Триангл, а режијата е на Десанка Глигоријевиќ. Содржината е прилагодена за детска возраст и на едноставен начин ги објаснува темите за рециклирање и чиста животна средина. Воспитувачите ја опишуваат како корисна за секојдневната работа со децата, а претставата лесно се вклопува во програмите за учење преку игра.
„ЕКО авантура“ е само еден од начините преку кои компанијата Кожувчанка ја покажува својата долгорочна ориентација кон децата како наша иднина и млади луѓе кои ќе ја градат свеста за околината во која живеат.

Со Изворска Јуниор како дел од овој проект, пораката е едноставна:
Кога навиките за хидратација и грижата за природата се градат уште од најмала возраст, тие остануваат со нас цел живот!
ПР
Македонија
Герасимовски: Проверени 30 градилишта во Центар, изречени 24 казни од 1.300 до 1.800 евра
Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа.
Во изминатиот период извршени се надзори на 30 градилишта, при што се изречени 24 казни за различни прекршувања, меѓу кои незаконско зафаќање јавни површини со градежен материјал и валкани гуми. Санкциите се движат од 1.300 до 1.800 евра, известуваат од Општината.

Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски порача дека локалната самоуправа ќе реагира на секое нарушување на јавниот простор и безбедноста на граѓаните.

„Континуирано спроведуваме надзор на активните градилишта во општината. Сите што ги прекршуваат прописите и го узурпираат јавниот простор ќе се соочат со соодветни мерки. Наша цел е да обезбедиме уредена средина за граѓани“, рече Герасимовски.

Од Општина Центар додаваат дека редовните контроли се дел од пошироката заложба за спречување бесправна градба и заштита на заедничкиот простор.
Македонија
СДС да каже каде завршиле 800.000 евра, скроиле 2 нови тендери за 20.000 тони јачмен и пченица како камуфлажа за отпишаните 2.000 тони од стоковите резерви, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС цела недела молчи за празнењето и препродавањето на стоковите резерви на црните пазари во ек на криза. СДС молчи за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата и за криминалот вреден 800.000 евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Димковски направил записник, а потоа и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 тони јачмен и пченица.
Криминалната влада на СДС за краток период смислила начин за тоа како да го камуфлира и прикрие недостатокот за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата. Нови тендери за „камуфлажа“ каде владата на СДС потпишала 2 тендера за 20.000 тони јачмен и пченица.
Преку овие два тендера Заев, Филипче и Николовски сметале дека ќе го прикријат недостатокот во стоковите резерви кој завршил на црниот пазар во соседните држави“.
Прашуваат каде завршиле 800.000 евра пари на граѓаните? Кој се профитирал од препродажбата на пченицата и јачменот по двојна или тројна цена на црните пазари во ек на криза?
СДС да каже, велат од ВМРО-ДПМНЕ, каде завршиле 800.000 евра откако преку 2 тендери за 20.000 тони јачмен и пченица сакале да им послужат како камуфлажа за отпишаните 2.000 тони од стоковите резерви?
„Време е СДС да се огради од криминалците во своите редови. Време е СДС да расчисти со пипците од криминалниот октопод во своите редови и партиски функционери. На Македонија и е неопходна силна и конструктивна опозиција“.

