Македонија
МЗД: Будно ќе го следиме спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација
Мрежата за спречување и заштита од дискриминација, како мрежа која повеќе години активно работи на развој на домашна практика за заштита од дискриминација, а од 2018 година има и цел да ја следи и мониторира примената на долгонајавуваниот нов Закон за спречување и заштита од дискриминација, го поздравува усвојувањето на законот.
Со новиот закон, велат од таму, и со проширувањето на основите на дискриминација од една страна се нуди подобра заштита на основните човекови права за сите граѓани, особено за оние кои се наоѓаат на маргините на општетството, а од друга страна се покажа политичка волја за исполнување на обврските на државата пред меѓународните тела за човекови права, кои веќе дадоа позитивно мислење и препораки за донесување на овој закон.
„Овој закон нуди услови за избор на независна и професионална Комисијата за заштита од дискриминација,бидејќи членовите на Комисијата покрај искуство со работа во областа на човековите права, треба да имаат искуство и со работа во областа на нееднаквост и недискриминација, како и да не се носители на функции во политички партии. Поради ова сметаме дека треба што побрзо да се пристапи кон формирање нова независна, ефикасна и професионална комисија која ќе ја препознава дискриминацијата за сите граѓани подеднакво“, велат од МЗД.
Како граѓански организации, велат од таму, будно ќе го следиме спроведувањето на усвоениот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Исто така, МЗД очекува и исполнување на препораката на Европската комисија за усогласување на останатата законска регулатива со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација.
Во Мрежата за заштита од дискриминација членуваат следните органиции: Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција „Маргини“, Фондација „Отворено општество – Македонија“, Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, Здружение ХОПС – Опции за здрав живот, ЕСЕ – Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените, РОМА СОС –Здружение Ромска организација за мултикултурна афирмација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

