Македонија
(Видео) Мижи замисли промена – кампања за подигнување на еко свеста кај граѓаните
Буден Театар ја започнува кампањата „Мижи! Замисли промена“ преку која се стреми да ги поттикне возрасните граѓани и децата активно да се вклучат во мапирање на еколошките проблеми и да „замислат“ можни решенија за почист и поубав град.
Вклучете се во кампањата на следниов начин: Пронајдете локации во вашата средина кои се неприфатливи од еколошки аспект, односно локации пред кои градот „замижува“. Пред мапираната локација фотографирајте дете, со замижани очи. Прашајте го детето како тоа место би можело да се промени кон подобро. Фотографиите и идеите на децата објавете ги јавно (public) на вашите Фејсбук и/или Инстаграм профили со хаштаговите #ЗамислиПромена#БуденТеатар #Скопје или испратете ги на е-маилот [email protected] најдоцна до 1 септември 2018 година.
Кампањата е отворена за сите жители на Скопје и околината. Еден автор може да објави најмногу 5 фотографии. Фотографиите треба да бидат лично дело на објавувачот и нема да биде дозволено преземање фотографии од интернет. Не е задолжително фотографиите да бидат направени со професионален апарат. Фотографиите заедно со пораките ќе ги објавуваме во фотоалбум на нашата Фејсбук страна.
Најдобрите 10 фотографии со испишаните детски замисли за промена ќе бидат изложени на фреквентна локација во Скопје и ќе бидат дел од промотивната кампања на Меѓународниот фестивал за детски театар ФЕНЕР.
Во рамките на фестивалот ФЕНЕР ќе бидат организирани 3 еколошки акции со кои ќе се оствари промената која е замислена од страна на децата. Буден Театар го задржува правото да ги одбере трите фотографии и идеи според кои ќе ги реализира овие акции, во однос на она што во моментот е остварливо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

