Македонија
Мизрахи: Ја водиме најголемата битка во нашите животи

„Македонија постојано се соочувала и минувала низ премрежjа. Денешницата не е исклучок. Се чини дека ја водиме најголемата битка во нашите животи. Коронавирусот ја сруши сликата на општествен систем поставен на здрави нозе. Ковид-19 ја покажа сета неподготвеност и лажна слика за состојбите во државата“, се вели во обраќањето на Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, здравствениот систем е еден од носечките столбови од севкупниот општествен систем и без него не може да постои нормален живот. Во недостиг на функционален здравствен систем денес сме сведоци на реално ТВ-шоу кое наместо да нуди решенија, нуди чувство на напнатост. Таа напнатост се шири и низ економијата.
„Денеска Македонија повторно повикува. Секој од нас мора да даде свој придонес за справување со епидемијата и проблемите што таа ги донесе. Граѓаните се главниот ресурс на државата, секој од нас е дел од нејзиниот систем. Сега е време за заедничко надминување на проблемите. Од ова битка да излеземе посилни – со посилен систем, со посилна економија, со посилен образовен, безбедносен, здравствен систем. Тој систем треба да одговори на вашите потреби. Токму затоа вашиот глас мора да биде слушнат. Вашиот глас мора да ги мине бариерите на безидејната власт додека не е предоцна. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија која е отворена за вашиот глас. Вашите предлози и идеи за справување со кризата, пратете ни ги на нашата отворена електронска пошта заедно да дојдеме до решенија. Од акцијата ‘Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија’, ќе креираме политики поттикнати од вас. Само така, само заедно, ќе помогнеме да ја пребродиме кризата и здравствено и економски и безбедносно. Затоа што сите заедно, ја сакаме Македонија“, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски: Пожарот е злосторство против народот, скопјани не смеат да се гушат во чад и отров

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, реагираше по повод големиот пожар што избувна во Скопје, оценувајќи го како директна закана за здравјето на граѓаните и за животната средина.
„Во овој момент сведочиме на ужас што не смее да се повтори – огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани,“ изјави Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека од самиот почеток, заедно со колегите Бобан и Дејан, е на терен и дека се вложуваат максимални напори за ставање на пожарот под контрола.
„Ангажиравме општествено одговорни компании кои со машинерија и песок помагаат во негово затрупување. Со нас се и екипите на Противпожарната служба од Скопје и МВР. Се користат сите расположливи сили за ставање под контрола на оваа катастрофа,“ нагласи Ѓорѓиевски.
Тој го нарече настанот „злосторство против народот и луѓето на Скопје“ и порача дека „некој си игра со трпението и здравјето на граѓаните“.
„Упатувам апел до сите надлежни институции: постапете итно и безмилосно! Скопје и неговите граѓани не смеат да се гушат во чад и отров,“ рече кандидатот за градоначалник на Скопје.
Ѓорѓиевски додаде дека ќе останат на терен со граѓаните сѐ додека пожарот целосно не биде изгаснат.
Македонија
Движењето „Стоп за Вардариште“ во понеделник наутро ќе го блокира мостот „Близнаци“

Движењето „Стоп за Вардариште“ ја информира јавноста дека на ден 15.09.2025, понеделник, покрај протестот во 18:00 часот, ќе се одржи и протест со почеток од 07:30 часот наутро, со блокада на мостот „Близнаци“ помеѓу општините Аеродром и Гази Баба.
„Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ.
Ги повикуваме работодавците да бидат толерантни за работниците кои ќе задоцнат тој ден на работа“, се вели во известувањето на Движењето „Стоп за Вардариште“.
Македонија
Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок

Електронскиот отпад што гори во Трубарево ќе се гасне со песок, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Тој беше прашан дали огнот досега соодветно се гаснел со вода, пришто појасни дека дел од пожарот зафаќа дрвја, даски, пластика и друг запалив материјал. Делот во кој се наоѓа електронскиот отпад, рече Ангелов, се изолира и ќе биде гаснет со песок. Најави и дека во секој момент ќе пристигне голема количина на песок.