Македонија
Милевски: Бесплатен превоз за учениците од Новаци

Преку проектотот „Унапредување на квалитетот на социјални услуги на регионално нив“ обезбеден е минибус со 30 и комбе со 10 седишта за превоз на ученици во Новаци. Носител на проектот е Центар за развој на Пелагониски Плански Регион, поддржан од Министерство за локална самоуправа, додека вредноста на набавките е околу 6 милиони 500 илјади денари.
„Учениците на општина Новаци конечно ќе имаат превоз и ќе имаат можност бесплатно да се возат во новите минибус и комбе. Драго ми е дека со тоа ќе има подобрување на пристапот до образовните институции за учениците од основните и средните училишта во оелагониските општини, поточно Новаци, Битола и Могила. Преку проектот ќе се намалат трошоците за извршување на овие надлежности со што ќе се подобри функционалноста на процесот од кој бенефит ќе имаат и општините. Во иднина сакам општините да поднесуваат конкурентни проекти со кои ќе бидат дел од Програмата за рамномерен регионален развој и ќе придонесат за поквалитетен живот на граѓаните“, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.
Тој информира дека минибусот ќе вози на релација Новаци – Добромири – Агларци – Далбеговци, едното комбе ќе вози на релација Рапеш – Арматуш – Новаци, другото комбе Живојно – Бач – Гермијан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Регионалниот пат преку Јасен од утрово пуштен за сообраќај

Денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од Министерството за внатрешни работи.
Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмор, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра.
Според последните информации огнот се проширил и зафатил возило на улицата Васил Ѓоргов во Скопје.
На местото на настанот биле присутни противпожарни возила кои го гаселе пожарот.
Македонија
Без струја делови од Карпош и Центар

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( среда ) без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Анкарска бр. 31. ( општина Карпош )
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Загребска. ( општина Центар )