Македонија
Милошоски: Избори треба да има 60 дена по завршување на вонредната состојба
За одржувањетоизбори по вонредна состојба најдобро е да се почитуваат препораките на Венециската комисија, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Според него, датумот, сепак треба го одлучат ДИК, здравствените експерти, како и политичките партии на средбата кај претседателот Стево Пендаровски.
„Сметам дека доколку одговараме како политички партии ќе имаме различни мислења и толкувања, но затоа според мене, за одржувањето избори по вонредна состојба најдобро е да се почитуваат препораките на Венециската комисија. Венециската комисија, како стручно тело на Советот на Европа и тело кое се занимава и со проблематиката на избори да бидат фер и демократски, смета дека најмалку 60 дена се потребни по завршувањето на вонредната состојба. Тоа е така, за да можат да се организираат добри, фер и нормални избори“, рече Милошоски.
Но, додаде тој, прашањето за изборите според мене треба да биде во овој момент одлучено и од Државната изборна комисија и од здравствените експерти и од политичките партии при средбата кај претседателот Стево Пендаровски, за што се надеваме дека СДСМ ќе биде присутен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

