Македонија
Милошоски: Не може ароганцијата на Царовска да биде поважна од аргументите на родителите
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска изјави дека самиот закон за учебници и друг наставен материјал е донесен на нетранспарентен начин, како и дека доколку се сака да се прифати самиот закон, потребна е поширока дебата.
Тој ги коментира најавените протести на родителите, со поддршка и од средношколската унија и средношколскиот глас против, како што рече, лошите реформи во образованието.
„Ние гледаме две страни. Едната страна е министерката Царовска, која промовира ароганција во овој предлог-закон, а другата страна се родителите и учениците, кои предлагаат аргументи. Сакаме да порачаме дека е време во законските решенија, кои се однесуваат на учениците, да им се даде можност на родителите да ги изложат своите аргументи и тие да бидат вградени во законот. Не може ароганцијата на министерката да биде поважна од аргументите на родителите“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој изрази надеж дека родителите ќе бидат сослушани и дека на крајот нивните аргументи ќе бидат вградени во кое било идно законско решение што се однесува на сите ученици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

