Македонија
Милошоски по 21 ден во болница пуштен дома: Уште едно сериозно животно премрежје е надминато

По 21 ден лекување на инфективната клиника, пратеникот Антонио Милошоски е пуштен на домашно лекување. Тој на Фејсбук објави дека по 4 дена самоизолација и 21 ден болничко лекување од Ковид-19 е повторно дома.
„Негативен по тест, но расположен по дух и опкружен со најблиските, чии прегратки со љубов се задолжителна терапија за закрепнување. Уште едно сериозно животно премрежје е надминато“, напиша Милошоски заблагодарувајќи му се на медицинскиот персонал во болницата за грижат за секој од пациентите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и малку посвежо, од сабота следува период на многу топло време

Сончево и малку посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Од сабота следува период на сончево и многу топло време со пораст на дневните температури. Особено топло ќе биде во првата половина од следната седмица.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.