Македонија
Милошоски: Разрешувањето пратеник од работно тело без одлука на Комисијата за избори и именувања не е демократски чин
На денешната седница во Собранието, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, истакна дека разрешувањето член на Комисијата за избори и именувања и повикувањето на член 114 дека се работи за избран и именуван функционер е голема глупост, како и газење на Уставот и интегритетот на пратениците.
„Прво, за разрешувањето во самата Комисија, има еден член што ја определува надлежноста на Комисијата, член 7 од одлуката за прашања за избори и именувања, Комисијата има претседател, 12 члена и избрани заменици, меѓу другите надлежности, Комисијата има надлежност за предлагање состав на постојани и повремени работни тела на Собранието и нивни членови. Самата Комисија е постојано работно тело и има членови и да треба да смени некој член, дали сака доброволно да се смени или да биде избран на некоја друга позиција, градоначалник, или да му се случи некој здравствен проблем, тогаш Комисијата треба да го даде предлогот и да каже колегата или колешката тој и тој член од Комисијата од денес не е член, член е некој друг или се заменува членувањето од една во друга комисија. Затоа сметам дека разрешувањето пратеник од работно тело, без одлука на Комисијата за избори и именувања, не е деловнички и не е демократски чин“, истакна Милошоски.
Милошоски додаде и дека повикувањето на член 114 дека се работи за избран и именуван функционер е голема глупост, како и газење на Уставот и интегритетот на пратениците.
„Повикувањето на член 114 дека се работи за избран и именуван функционер е голема глупост за која ве посоветувале правнички. Избраните и именувани функционери даваат заклетва, избран и именуван функционер може да биде обвинител, директор, може да биде избран во Советот на МРТ, или некој друг фуункционер што го избира Собранието, но тие луѓе дават заклетва и излегуваат од Собранието и одат на позициите на кои се избрани. Овде ние не сме го виделе колегата Фадил Зендели да дава заклетва дека е член на Комисијата за избори и именувања и дека тоа него го направило попривелегиран од сите нас. Тоа е нонсенс и мислам дека е газење на Уставот и на интегритетот на пратениците“ нагласи Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби
Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука, Обвинителството ја донело врз основа на тоа дека се обезбедени голем број докази, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.
„Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката за истиот со цел донесување на јавнообвинителска одлука“, соопштија од Обвинителството.
Од таму додаваат дека на барање на одбраната, Груби во текот на денешниот ден бил спроведен пред надлежниот обвинител каде вршел увид во списите на предметот, но поради обемноста на доказниот материјал увидот ќе продолжи наредните денови по што ќе му биде овозможено да ја даде својата одбрана.
„По однос на мерките за обезбедување на присуство на второосомничениот во понатамошниот тек на постапката Основното јавно обвинителство Скопје предложи замена на мерката притвор со мерка куќен притвор и одземање на патна исправа, имајќи го во предвид фактот во најголем дел се обезбедени доказите во текот на постапката, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, кои индиции се поткрепени со известувања од надлежните органи. Исто така индициите за загрозената безбедност се однесуваат и на членовите на неговото семејство“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нова услуга на ЈСП: Онлајн надополнување на картичката
ЈСП воведува нова услуга – онлајн надополнување на картичките за возење.
„Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и неколку минути. Надополнувањето се прави од далечина, брзо и кога вам ви одговара, од удобноста на вашиот дом“, велат од ЈСП.
Од таму додаваат дека со новата услуга се добива онлајн надополнување со билети и/или средства, брза постапка во неколку едноставни чекори, нема редици и нема потреба од физичко присуство, достапно од телефон или компјутер.
Како да надополните картичка?
* Влезете на skopjebus.mk
* Изберете „Надополни картичка“
* Внесете ги потребните податоци за
картичката
* Одберете дали сакате билети или износ
(средства)
* Потврдете и завршете ја постапката
Пробајте ја новата функционалност тука: https://skopjebus.mk/mk/app/cards/load
Македонија
Утре променливо облачно време, попладне дожд
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за повремен локален дожд, информира УХМР.
Претпладне тивко, а попладне ќе дува слаб до умерен ветер во западните делови од западен, а во источните и долж Повардарието умерен повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, ончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен утре кон крајот на денот кога ќе има услови за слаб локален дожд.
До петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Од петок ветерот ќе го смени правецот во југоисточен. За време на викендот облачноста ќе се зголеми.

