Македонија
„Министерката Јаневска има намера да го укине бесплатниот превоз за студентите и средношколците“, велат од „Црвената младина“
„Министерката Јаневска продолжува со нејзините крајно дрски и скандалозни изјави. Таа ја дополни оваа низа најавувајќи дека во буџетот на државата нема пари за бесплатен градски превоз за студентите и средношколците бидејќи не постоело основ за дотација кон Град Скопје“, велат од „Црвената младина“.
„Во жребалансот изгласан од коалицијата ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ не се предвидени средства за бесплатен градски превоз за младите ниту, пак, планираат да го покријат долгот од 8 милиони евра кон Град Скопје, односно кон и така финансиски руинираното ЈСП. Ваквата ситуација сериозно ја доведува во опасност мерката бесплатен превоз за студентите и средношколците, која е од витално значење за младите!
Загрижувачка е неинформираноста на Јаневска за постоењето на оваа мерка, која датира од 2016 година. Дополнително, министерката крајно дрско и неуко изјави дека ова било ветување што таа и актуелната владина гарнитура не е должна да го реализира бидејќи не ветувала бесплатен превоз!
Владата, која во предизборието ветуваше подигнување на стандардот и сериозен фокус на младите, не само што нема план да го подобри стандардот туку очигледно почнува и со укинување на досегашните мерки, т.е. штедење и водење каприц на грбот на младите!
Бараме Владата итно да го намири долгот кон Град Скопје за да не дојде до укинување на оваа клучна услуга за младите. Не можеме да дозволиме неинформираноста и политичките игри дополнително да ги загрозат правата и благосостојбата на студентите и средношколците!
„Црвената младина“ не само што ќе се бори за заштита на веќе постојните мерки што се во интерес на младите туку и ќе работи на нивно проширување вклучувајќи и воведување целосно бесплатен меѓуградски превоз за учениците и студентите“, се наведува во соопштението на „Црвената младина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во мобилен оператор заглавени во снег кај Лазарополе
Двајца вработени во мобилниот оператор А1 синоќа беа заглавени во снег кај село Лазарополе, во близина на базната станица на операторот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во 23:30 часот, откако со лицата не можело да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, во акцијата биле ангажирани припадници на Одделот за специјални полициски операции, Одделот за униформирана полиција, како и на Дирекцијата за заштита и спасување.
Со две теренски возила, опремени со санки за снег и спасувачка опрема, екипите се упатиле кон местото на настанот.
„Денеска (11.01.) во 08:30 часот, лицата биле пронајдени и успешно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за лицата Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило марка „VW Amarok“ со скопски регистерски ознаки.
Тие биле пронајдени на локација позната како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на село Лазарополе“, стои во објавата на МВР.
Македонија
Во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник
Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако во првиот круг од локалните избори не беше постигната потребната излезност.
Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 19 часот.
Согласно Изборниот законик, за избор на градоначалник потребно е еден од кандидатите да добие мнозинство од гласовите на излезените гласачи.
Вчера гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.
Државната изборна комисија во текот на денот ќе информира за текот на гласањето и излезноста, а првичните резултати се очекуваат по доставувањето од општинските изборни комисии.
Македонија
Променливо облачно и студено време со повремен снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со повремени локални врнежи од снег во претпладневните часови. Попладне се очекува врнежите постепено да престанат.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури ќе се движат од минус пет до два степена, додека дневните ќе достигнат од минус еден до пет степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус еден степен, а максималната ќе достигне околу три степени.
Според најавите од УХМР, од почетокот на следната седмица се очекува стабилизирање на времето. Под влијание на поле на висок воздушен притисок, ќе преовладува суво и студено време, а на одделни места утринските температури ќе се спуштат и под минус десет степени.

