Македонија
Министерот Спасовски и Ивона Талевска на средба за нападите врз новинари

Министерот Оливер Спасовски оствари работна средба со претседателката на Македонската асоцијација на новинари, Ивона Талевска, на која се разговараше за случаите со нападите врз новинарите во последните пет години, говорот на омраза и повици за насилство врз новинарите, како и мерките што ги презема МВР за зголемување на безбедноста на новинарите при известување од јавни собири.
,,Министерот Спасовски потенцираше дека сите напади врз новинари кои се случиле по 1 јуни 2017 година се расчистени од страна на Министерството за внатрешни работи, а МВР презема низа активности за подобрување на соработката со организациите на новинарите. Министерството за внатрешни работи веќе имплементира проекти во соработка со ОБСЕ и Здружението на новинарите на Македонија за зголемување на безбедноста на новинарите, а соработката со Македонската асоцијација на новинари дополнително ќе придонесе за тоа”, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Извршителите ќе имаат увид во пензиите, Правда потпиша меморандум за соработка со Комората на извршители и Фондот за пензиско

Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа меморандум за соработка со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.
Од Министерството за правда велат дека целта на меморандумот Целта на Меморандумот е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што се овозможува поголема правна сигурност за граѓаните, заштита на личните податоци, почитување на етичките стандарди, грижа за најранливите категории, особено пензионери со минимална пензија, јасни и транспарентни процедури и поефикасно спроведување на извршувањата.
„Со овој чекор се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување од страна на сите засегнати страни“, велат од Министерството за правда.
Од таму најавуваат дека ќе продолжат градат правосуден систем врз принципите на доверба, отчетност и транспарентност, со посебна грижа за најранливите граѓани.
Македонија
Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
„Согласно АКМИС – системот е распределен на понатамошно постапување кај судијата Диана Груевска Илиевска од одделот Кривично полнолетни“, соопштија од Судот.
Од таму велат дека станува збор за судија со 19 годишен судиски стаж во сите оддели на овој суд, како и претходен 17 – годишен стаж како стручен соработник.
Советот за оцена на обвинителен акт денеска во целост го одобри обвинението поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“.
Македонија
Чекањето автобуси што не доаѓаат во Бутел Шукова ќе го решава со БРТ: Овој систем ќе ја намали социјалната и економска отсеченост на бутелчани
