Македонија
Министерот Чулев на средба со ромските невладини организации
На иницијатива на Министерството за внатрешни работи денеска се одржа работна средба на министерот Наќе Чулев со претставници на ромските невладини организации. На состанокот се разговараше за проблемите со кои се соочуваат во нивното секојдневно работење, а кои се во делокругот на Министерството за внатрешни работи.
Говорот на омраза кон ромската заедница како маргинализирана група во општеството, проблемот со децата на улица, семејното насилство, се дел од проблемите за кои двете страна се согласија дека системски ќе се решаваат во периодот што следува.
„Соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи и овие невладини организации треба да се регулира со меморандум за заедничка соработка, чие формализирање треба што побргу да се случи. Министерството за внатрешни работи останува посветено на дијалогот и соработката со невладиниот сектор, на чие интензивирање ќе работиме во следниот период“, потенцира министерот Чулев во рамките на средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

