Македонија
Министерствата задолжени да направат анализа за почеток на втората фаза од Спогодобата за асоцијација и стабилизација
Владата на денешната 67 .седница ја разгледа и ја усвои информацијата за новите моменти за премин во втора фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација (меѓу Република Македонија и Европската Унија) и го задолжи вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, да ги координира релевантните институции во подготовките на позициите на Република Македонија.
Со оваа одлука на Владата се задолжуваат надлежните министерства и другите органи на државната управа, кои се засегнати со преминот во втората фаза на Спогодбата, да направат анализа и да дадат најнов пресек и статус на соодветните одредби и за тоа да го информираат Секретаријатот за европски прашања најдоцна до 11 мај годинава.
Оваа одлука на Владата доаѓа врз основа на вербалната нота доставена од страна на Канцеларијата за врски на Република Грција до Министерството за надворешни работи на 23 февруари годинава, во која се информира дека Репбулика Грција нема резерви во однос на преминот на Република Македонија во втора фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

