Македонија
Министерството за животна средина: Прочистителната станица ќе се гради во 2020 година
Реализацијата на проектот за изградба на централна пречистителна станица за отпадни води за Град Скопје била во фокусот на средбата што денеска ја остварија министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, и Лин О`Грејд, заменик-раководител за локална инфраструктура и животна средина на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
„Иако проектот е во напредна фаза, со подготвена документација во 2017 година со поддршка на француската Влада и компанијата ЕГИС, во моментов со поддршка на меѓународни финансиски институции, како ЕБОР и ЕИБ, се врши дополнување на Студијата за изводливост, оцената на влијание врз животната средина согласно со барањата на меѓународните финансиски институции и подготовка на тендерската документација за пречистителната станица за отпадни води за Град Скоје. Вкупната вредност на инвестицијата, за кој ЕБОР И ЕИБ пројавиле интерес, изнесува 120 милиони евра. Градежните работи за истата ќе почнат во 2020 година“, велат од Министерството.
Во моментов, како што додаваат од Миистерството, преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, во соработка на Министерството за животна средина и просторно планирање и ЈКП „Водовод и канализација“ Скопје се одобрени грант-средства во висина од 350.000 евра за ЈКП „Водовод и канализација“, за воспоставување на оперативна структура и подготовка на фазата на имплементација.
На состанокот, меѓу другото, се разговарало и за поддршката што Република Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање ја имаат од ЕБОР во реализација на проекти за заштита на животната средина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

