Македонија
Министер со плата од 2.000 евра цел ден јаде за стотина денари, а работник со минималец јаде месен нарезок со поскапи цени, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Лицемерството на власта на СДС и ДУИ нема крај. Додека народот се тоне во сиромаштија поради високата инфлација, а власта вели дека тоа било така секаде, во владините бифеа цените стојат замрзнати и тоа на минимум“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Студентите нека се чудат што да јадат, пензионерите нека се борат секој ден дали да купат леб или лекови, ама затоа министрите ќе се гоштаваат по екстра ниски цени. Ако четврт бурек, ѓеврек и јогурт стануваат луксуз за народот, затоа што треба за него да одвојат околу две евра, во владините бифеа за истите пари кркаат сланина на скара( за 110 денари) или вешалица од свинско каре (за 135 денари).
Го слушате Ковачевски, Битиќи или Бектеши дека поскапуваат цените на детската храна затоа што тие тоа го сметаат за луксуз, а веројатно половина час порано јаделе омлет со свинско за 65 денари, тост со врат за 75 денари или тулумби и баклави за 30 денари.
Еден министер со плата од 2000 евра јаде цел ден за 100-ина денари, а еден работник со минималец јаде месен нарезок по поскапи цени. И на крајот министерот ќе те убедува дека поскапувањето на цените на одредени производи било за твое добро, затоа што не било здраво тоа да се јаде.
Ситата влада не го верува гладниот народ. Ова мора да престане. Оваа власт мора да си замине“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.
Македонија
Левица: Очекуваме власта утре да покаже доблест и да се појави на Анкетна комисија за Кочани
Во пресрет на утрешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, повторно апелираме до пратениците од владејачкото мнозинство и поканетите претставници од власта, да не измислуваат изговори и да се појават на седницата, велат од Левица.
„Повторуваме дека оваа седница е свикана по претставка на родителите на трагично загинатите деца од Кочани, а датумот е успгласен токму со нив, бидејќи единствено утре не е закажано судско рочиште за „Пулс”. Оттука, утре е единствен ден кога родителите би можеле конечно да се обратат од Собранието кон претставниците на институциите од кои зависат одговорноста и промената на системот“, велат од партијата.
Од Левица наведуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за трагедијата во Кочани.
„Три пати беше блокирана со директна улога на спикерот Гаши и ДПМНЕ. Власта која не најде сила ниту за комеморативна седница во Собранието, сега нема никаков легитимен изговор да ја кочи расправата. Досегашните изјави на власта дека токму утре било предвидено да се започне расправата за Предлог-буџетот, наоѓајќи алиби за повторно избегнување на седницата, е несоодветен и невистинит. Буџетската расправа трае пет дена, што е повеќе од доволно за да се исцрпи целата дискусија, а рокот за донесување на Буџетот е најдоцна до 31 декември“, велат од Левица.
Од таму упатија апел утре да не се повтори уште еден институционален срам.
„Седницата мора да се одржи, без одлагања, празни изговори и политички калкулации. Родителите доаѓаат да го кажат она што државата со месеци одбива да го слушне. Од власта и државниот врв се очекува, најмалку, да се појават и да погледнат во очи луѓе кои бараат правда, одговорност и промена. Секое ново бегање и саботирање би било уште една навреда за семејствата, но и народот, како и уште еден чекор кон одржување на системот кој дозволува да се повторуваат трагедии“, се наведува во соопштението.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на ГП „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 15:00 часот е нормализиран во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

