Македонија
Министрите добија задолженија од Владата за интеграцијата во НАТО

Владата денеска го усвои концептот за Национална структура за водење на процесот за зачленување на Република Македонија во НАТО.
Владата ги задолжи министрите за одбрана, за надворешни и за внатрешни работи, за правда, за финансии, за информатичко општество и администрација, како и директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во рок од еден ден да определат претставник или претставници од нивните институции кои ќе учествуваат во работата на работниот комитет за интеграција во НАТО.
Исто така, Владата го задолжи Националниот координатор за НАТО да одржи состанок на работниот комитет за интеграција на Република Македонија во НАТО во рок од седум дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЈП Водовод и Канализација известува дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Васил Стефановски бр 2. без вода ќе останат корисниците на дел од улиците Васил Стефановски, Костурски Херои, Борка Талевски, Петар Поп Арсов, 9-ти Мај, Роза Луксенбург, Христо Смирненски во општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Македонија
Без струја дел од Бутел и Карпош

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Бутел и Карпош.
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од дел улица Радишани и дел од улицата Бел камен во општина Бутел,
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од корисниците од улицата Јури Гагарин во општина Карпош.
Македонија
Мицкоски со честитка до ЦДУ: Европа бара промени

Премиерот Христијан Мицкоски ја честиташе победата на ЦДУ на изборите во Германија преку социјалните мрежи.
„Овој успех е потврда за довербата што германските граѓани ја имаат во лидерството и во принципите на кои се темели ЦДУ – стабилност, развој и посветеност на вредностите на европската христијанска демократија.
Заедно да соработуваме за доброто и просперитетот на нашите граѓани. Европа бара промени“, напиша Мицкоски.