Македонија
Митева: Царовска да поднесе оставка ако учебната година не почне утре
На ден пред официјалниот почеток на училишната година образованието, кое е клуч за креирање и одржување на државата, е сè уште во фаза на тестирање, изјави Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа вели дека родителите, учениците и наставниците се најзасегнати, а Синдикатот за образование наука и култура алармира за многубројни недостатоци додека надлежните бараат трпение.
ВМРО-ДПМНЕ порачува дека министерката Мила Царовска треба да си поднесе оствка од функцијата доколку учебната година не почне утре.
Од опозициската партија прашуваат дали овој месец цел ќе помине во неуспешни обиди и адаптација додека се презентира нова современа и нормална настава, но и дали Министерството за образование и наука може да состави план за квалитетна учебна година за сите фактори во образовниот процес. ВМРО-ДПМНЕ прашува и дали Министерството за образование и наука признава дека платформата, која нè убедуваа дека е најдоброто решение, не е добра, не е функционална и се пренасочуваат кон друга.
„Реакциите стигнуваат и од студентите, велат мобилната верзија не е воопшто функционална. Промоцијата за користење на платформата на 5 наставни јазици, за жал, не ги вклучува Ромите и ромскиот јазик,за чие прашање јавноста чека писмен одговор од Министерството за образование и наука. Јавните прашања се безбројни, а одговори сè помалку. Дополнително, во време кога постојат бесплатни оперативни системи, бесплатни мрежни сервиси, бесплатна замена за „Офис програми“, Владата предводена од СДСМ финансира софтверски лиценци, но залудно“, изјави Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

