Македонија
Митрески од Ростуше: ВМРО-ДПМНЕ зборува за наводен патриотизам, ние зборуваме со бројки и факти
ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам во големи наводници, а ние зборуваме со бројки и факти од кои нема бегање и кои лесно може да се проверат, истакна носителот на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“, Јован Митрески, на граѓанската трибина во Маврово/Ростуше, што се одржа вчеравечер.
„Факт е дека минималната плата беше 9.000 денари, сега е 14.500. ВМРО-ДПМНЕ вели дека и тие ќе ја зголемеле минималната плата на 60 % од просечната, а тоа е 13.000 денари. Како ќе ја зголемат минималната плата на 13.000 кога сега е 14.500“, рече Митрески.
Тој додаде дека факт е оти им е решено прашањето на 12.000 стечајци, дека социјалната помош е 10.500 денари, дека 6.000 граѓани земаат социјална пензија и дека проектот „Мој ДДВ“ на секој граѓанин му враќа на сметка 600 денари месечно.
„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги трошеше народните пари, ама не за граѓаните, туку за жалани врби, мермер, споменици, скулптури“, истакна Митрески додавајќи дека само со тоа што ја спречиле изградбата на панорамското тркало ја зголемиле минималната плата и отвориле 60.000 работни места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

