Македонија
Митрески по повод четири години од 27 април: Насилниците не се и никогаш нема да бидат уставобранители
Координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, Јован Митрески, по повод 4 години од 27 април, истакна дека мора да има одговорност и за организаторите на крвавиот четврток.
„Денес, четири години од денот кога ова Собрание, храмот на демократијата, беше претворено во крваво бојно поле за одбрана на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Вооружени насилници посегнаа по животите на пратеници, на новинари, посегнаа по уставниот поредок, по демократијата и волјата на граѓаните, а државата ја днесоа на работ на граѓанска војна“, рече Митрески.
Како што истакна, насилниците не се и никогаш нема да бидат уставобранители, како што денеска ги нарекува Христијан Мицкоски.
„Од држава на работ на граѓанска војна, денес сме држава членка на НАТО со трајно обезбедена сигурност. Од држава во која човековите права и слободи беа системски погазувани, денеска сме држава во која демократијата, правата и слободите секојдневно се унапредуваат. Од поделена и изолирана држава, денес сме држава на едно општество, држава партнер и сојузник на демократскиот свет. Денес, Собранието повторно е храм на демократијата и поле на размена на идеи и аргументи“, додаде Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотрес почувствуван во Македонија
Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ.

Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер.
#Earthquake (#земјотрес) possibly felt 24 sec ago in #RepublicofNorthMacedonia. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/IaWrDzq6eR— EMSC (@LastQuake) December 15, 2025
Како што објави ЕМСЦ епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.
Македонија
Делови од Карпош и Чучер Сандево денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од село Горно Нерези (општина Карпош), како и корисниците од селата Глуво и Мирковци. (општина Чучер Сандево )
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево и претежно тивко
Сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

