Македонија
Мицковски-Пејџ: ВМРО-ДПМНЕ цврсто останува на својот став за Договорот со Грција

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со делегација од партијата оствари средба со Ендру Пејџ, директор на Директоратот за Западен Балкан и Турција во Министерството за надворешни работи на Велика Британија.
На средбата, информираат од партијата, биле нагласени добрите билатерални односи помеѓу Велика Британија и Република Македонија, како и потребата од понатамошно продлабочување на истите.
Во врска со актуелната политичка состојба во земјава, Мицкоски го информирал Пејџ за, како што посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, бројните злоупотреби на власта.
Мицкоски, додаваат во соопштението од партијата, исто така за време на средбата го потенцирал ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот со Грција, односно истакнал дека тој останува цврст и принципиелен и дека партијата не може ја поддржи содржината на истиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Од септември ќе се наплаќа паркирањето во Реонски и во Ново Лисиче, ЈП „Градски паркинг“ подготвен за бележење на зоните

Најдоцна од крајот на септември паркирањето ќе се наплаќа и во Реонски центар и во Ново Лисиче, каде сега паркирањето е бесплатно. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, вели дека за да почне наплата се чека одобрување на проектот.
„Зонското паркирање го управува и менаџира ЈП Градски паркинг – Скопје меѓутоа во координација сме со нив. Зонското паркирање во Реонски центар ќе почне паралелно со зонското паркирање во Ново Лисиче. Општината изготви проект, се чека одобрување на проектот од Град Скопје и Министерството за внатрешни работи по што веднаш ќе се спремни за бележење и поставување на информативни табли. Очекувам дека во наредниот месец до два, најдоцна до крајот на септември дека ќе почне да функционира во Ново Лисиче и во Реонски центар“, рече денес градоначалникот Митески.
Жителите на Ново Лисиче и Реонски центар бараа едновремено да почне наплата на паркирањето за да се избегне трупање во возила на местото во кое подоцна ќе биде воведено зонското паркирање. Тие постојано се жалат дека паркирањето во овој дел од градот станува невозможно за резидентите оти на паркинзите пред зградите паркираат и автобуси и комбиња и автомобили на луѓе кои работат во други општини во Скопје, каде што паркингот се наплаќа.
Македонија
Изминатиов викенд 1.148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава

Во деновите од изминатиот викенд (26./27.07.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1148 издадени платни налози 128 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола, а пак кај 115 возачи при извршен алкотест било утврдено недозволено количество алкохол и тие се исклучени од сообраќај, додека 46 возачи на моторцикли се санкционирани заради неносење на заштитен шлем.
Инаку согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата дури 458 прекршоци во текот на викендот се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 175 за недозволено паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 28 лица кои некористеле сигурносен појас, 17 заради користење мобилен телефон при возење, тројца возачи минале на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и двајца пешаци и тројца возачи на електричен тротинет.
Исто така, согласно Законот за возила, 31 возило било отстрането заради тоа што биле нерегистрирани, а три возила се исклучени заради техничка неисправност.
„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР..
Македонија
Патот Струмица – Ново Село затворен за товарни возила

Патот Струмица – Ново Село е затворен за товарни возила, а за другите возила се пренасочува, информира АМСМ.
„Сообраќајот на регионалниот пат Струмица – ГП Ново село е затворен за товарни возила, а за другите возила се пронасочува“, пишува во информацијата.