Македонија
Мицкоски: Владата да го почитува Колективниот договор на наставно образовниот кадар, се останато е политички спин и гимнастика
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната посета во општина Берово одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира најавите за штрајк на просветните работници пред почетокот на учебната година рече дека наставно образовниот кадар наместо да се насочи на едукација на учениците, мора да се бори како да го преживее месецот поради ниските примања, односно како што вели тој додека на дневна основа владата дели милионски тендери во четири очи, стандардот на наставниците и професорите е на удар.
– Мојот коментар е дека се потешко се живее. Можам да кажам дека и моето семејство на одреден начин е семејство кое е поврзано со образовниот процес, знаете јас сум професор на универзитетот Св.Кирил и Методиј, а мојата сопруга исто така е професорка во скопската гимназија Орце Николов. И од прво лице сум запознае со тешката состојба на наставно образовниот кадар во училиштата, во основните и средните, но и на факултетите, но и оние коишто се во градинките, односно предшколската возраст. Така што сето она кое што се случуваше изминатиот период зададе навистина жесток удар врз стандарот на тие луѓе и буквално ние сме доведени до една ситуација кога тие наместо да ги образуваат , наместо да ги едуцираат нашите деца, тие едвај се борат како да го преживеат месецот од први до први. А во исто време сведоци сме како владата на СДСМ и ДУИ на дневна основа дели тендери во 4 очи, на дневна основа се исплаќаат милиони за проекти кои што воопшто и не се случуваат, како што е оној фамозен проект за коридорите 8 и 10д, истакна тој.
Мицкоски рече дека потребно е почитување на Колективниот договор од страна на владата и министерството, се со цел да се врати нивното изгубено достоинство.
– Така што почитување на колективниот договор кој што е презема обврска од страна на владата, е основен предуслов за колку толку се врати достоинството кај овие луѓе. Но, за жал тоа не се случува, континуирано тие се жртва на манипулација од страна на владата. И јас како еден од нив, барам од страна на владата само да се почитуваат правата на наставно образовниот кадар и да се почитува Колективниот договор. Се останато е само обичен политички спин и една гимнастика која за жал се повеќе го прави тежок животот на наставниците и професорите и тие наместо да образуваат ќе се борат како да преживеат во месецот, дециден е Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Подрачјето на Велес ќе биде зафатено од поројни врнежи, грмежи и засилен ветер
ЦУК информира, според известувањето на УХМР, дека подрачјето на Велес ќе биде зафатено од пообилни поројни врнежи со грмежи и засилен ветер.
Правец на движење на оваа нестабилна маса се предвидув дека е кон исток и североисток, додаваат од ЦУК.
Македонија
Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата
Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, донесе одлука со којашто движни ствари во сопственост на министертството, се даваат на трајно на повеќе општини во државата, за потребите на повеќе основни училишта и тоа во Гевгелија, Неготино, Валандово, Битола, Прилеп, Тетово, Куманово, Пробиштип, Ранковце, Велес, како и на училишта во скопските општини: Центар и Карпош.
Целта е спроведување на ГЛОБЕ програмата во Република Северна Македонија, а Министерството за животна средина и просторно планирање, како што е посочено, е носител на активностите на ГЛОБЕ програмата и со владина одлука е задолжено да обезбеди хемикалии и инструменти за вршење на мерењата и да ги пренесе на користење на вклучените училишта во програмата.
Станува збор за движни ствари што ќе им бидат од полза на училиштата во спроведувањето на проектот, а коишто, по пат на јавна набавка ги обезбедило ресорното министерство.
Македонија
Одлука за учество на Армијата во НАТО операцијата „КФОР“ во Косово
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за определување на бројот на кандидати кои се запишуваат на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“- Скопје, во студиската учебна 2024/2025 година, чие образование се финансира од Буџетот на Република Северна Македонија.
Со одлуката е определено, во студиската учебна 2024/2025 година да се запишат 44-ца студенти/питомци како редовни студенти, од кои 25-мина студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија; како и тројца студенти/питомци за потребите на Војската на Црна Гора; шестмина студенти/питомци за потребите на вооружените сили на Босна и Херцеговина; петмина студенти за потребите на управување со кризи и петмина студенти за потребите на заштита и спасување.
Согласно Законот за Воената академија, како што е образложено од ресорното министерство, на Академијата можат да студираат и припадници на вооружените сили на странски држави и странски државјани.
Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе и Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово.