Македонија
Мицкоски: Граѓаните со право се разочарани, но овој пат се бориме за поразлична слика за македонскиот политичар
По дваесет и осум години остана многу малку од ентузијазмот со кој народот и државата влегоа во независноста, многу малку од луѓето денес се среќни и задоволни од она што го имаме, истакна во обраќање до јавноста лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Како што рече тој, од почетокот на кампањата минал преку 13 илјади километри и се сретнал со многу граѓани со кои разговарал за нивните проблеми.
„Слушав и за критиките кон оваа власт, но и за работата на претходните и јас како човек не се срамам да се извинам за грешките од минатото, за кои сум сигурен дека ги имало, но и да понудиме решенија заедно со граѓаните за иднината на нашата татковина. Ние се бориме за поразлична слика за македонскиот политичар“, вели претседателот на опозициската партија, кој своето обраќање особено го насочува кон оние што, како што кажа, се разочарани, потиштени и обесхрабрени.
Според Мицкоски, чувството на разочараност кај граѓаните е оправдано, но повикува со седење на страна да не се оправдуваат тие кои довеле до ваква ситуација.
„Вашиот глас е решението. Излезете и гласајте. Иако ситуацијата е сложена, изборот е едноставен. Или сте задоволни со вашето секојдневие, одобрувате и се согласувате како работи оваа власт, или ќе ја казните, ќе бидете на страна на правдата и новата надеж која доаѓа за Македонија. Добро знаете дека како што ништо не бива од животот што го ветуваа, нема ништо да биде ниту од метлата која сега ја најавуваат“, посочи тој.
На оние кои се заговорници на бојкот им порача дека ова не е само битка на ВМРО-ДПМНЕ, туку на секој човек, за неговото достоинство и чест.
„И можеби со нас имате многу причини да имаме различни погледи и ставови, но нас нè обединува борбата за Македонија, борбата за татковината. Затоа не му помагајте на Заев со бојкотот, не продолжувајте ги месеците на клинички живот на оваа власт. Ајде да ги собориме. Излезете и гласајте за нашата земја. Знам дека има притисоци и кон државната администрација. Заев се закани дека ќе бркал од работата. Но, секој од вас, секој од вас знае дека само слаб човек се заканува. Немојте да бидете вознемирени и не потклекнувајте на заканите“, повика Мицкоски.
Тој порача дека ќе има и одговорност на оние кои нанесуваат неправда и уште еднаш ги повика граѓаните да излезат и гласаат.
„Гордана Сиљановска-Давкова е изборот. Гласот за неа е глас за честит човек, жена со кредибилитет. Имаме шанса претседателка да биде жена која е чувар на интересите на Република Македонија и секој нејзин човек“, нагласи партискиот лидер додавајќи дека само гласот на граѓаните може да донесе подобри времиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.

