Македонија
Мицкоски: Граѓаните јасно порачаа дека се потребни промени кои ќе обезбедат нова иднина и стабилна влада
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со Дерек Мичел, претседател на Националниот демократски институт (НДИ) од САД.
Претседателот Мицкоски го поздрави ангажманот и соработката на НДИ со ВМРО-ДПМНЕ и изрази подготвеност за продолжување и унапредување на досегашната соработка со цел зајакнување на демократските процеси во државата.
Соговорниците разговараа и за резултатите од локалните избори, за коишто претседателот Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно порачаа дека се потребни промени кои ќе обезбедат нова иднина и нова стабилна влада која ќе ги рефлектира барањата на граѓаните. Сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ ќе работат за подобра иднина на сите граѓани на државата и реализирање на клучните проекти кои што ги ветија во изборната кампања. Воедно тој посочи дека е потребно целосно испитување на злоупотребите на државните институции во изборниот процес и недемократските средства со кои се служеше власта во заминување.
Соговорниците се согласија дека соработката со НДИ треба да продолжи и во иднина на насока на подобрување на демократските процеси на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

