Македонија
Мицкоски за преговорите со Бугарија: Од наша страна преговараат луѓе кои не знаат што се преговори
„Јас сакам да бидам оптимист, бидејќи цело време сме оптимисти дека ќе има достоен договор, дека договорот ќе биде не едностран, туку ќе биде навистина пропорционален, но за жал досега тоа не се случи, иако не убедуваа порано дека ги решиле сите проблеми со соседите, а гледаме дека не се решени проблемите со соседите, туку сосема спротивно“, изјави на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски исто така изрази и загрижување што во преговорите постојано се тргува со македонските преговарачки позиции.
„Мене повеќе ме загрижува што континуирано се тргува со нашите преговарачки позиции. Континуирано се лицитира со нешто што не треба да се лицитира. Така не се водат преговори, но ги разбирам. Преговараат луѓе коишто во животот не преговарале. Преговарале луѓе коишто во животот само знаеле што значи да наведнат глава и по принципот на полжавот да стигнат до врвот. Не знаат што значи навистински да се испреговара и да се успее во тие преговори, истакна Мицкоски.
Тој исто така ја повика македонската јавност будно да го следи овој процес на преговори бидејќи како што се движат работите на Македонија не и се пишува добро.
„Треба јавноста, македонскиот народ будно да го следи овој процес затоа што вака како што тргнале работите мислам дека не ни се пишува на добро, но среќа што немаат две третини во Парламентот и ќе не можат некои одлуки да ги спроведат и среќа што нема повеќе такви коишто ги внесуваат и ги вадат од затвор за да можат да ги уценуваат“, потенцираше Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

