Македонија
Мицкоски: И СДСМ и ДУИ имаат градоначалници, но немаат ниту еден отчет – ништо не направиле
Ме радува фактот дека и покрај сите проблеми, сепак Општина Ѓорче Петров продолжува да работи на терен, продолжува да ги исполнува ветувањата што се дадени пред граѓаните, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната посета на оваа скопска општина, каде што градоначалник е Александар Стојкоски.
Според Мицкоски, токму реализацијата на проекти од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ предизвикува нервоза кај политичките конкуренти.
„Во Македонија имате повеќе од 20 градоначалници од СДСМ и од ДУИ, а јас ниту отчет видов ниту знаеме кој проект го реализираа. Така што, сето она што денеска претставува напад, ние со насмевка мораме да го прифатиме и истовремено да одбиеме, што би се рекло, на невистините што доаѓаат од нашиот политички противник СДСМ“, рече Мицкоски додавајќи дека е важно во периодот што следува, и покрај сите предизвици, да се продолжи со работа и да се испорача ветеното за граѓаните.
Инаку, градоначалникот на Ѓорче Петров денеска најави, како што рече, капитален проект на улицата Радушка.
Станува збор за атмосферска канализација во должина од 1.115 метри на оваа улица, која е една од најстарите во општината, и шест нови приклучоци за околните улици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

