Македонија
Мицкоски: Ковачевски на тацна му ја подари државата на Ахмети, 100 души од ДУИ одлучуваат за 2 милиона народ
ДУИ и СДСМ се лицето и опачината на една иста паричка. Ковачевски на тацна му ја подари Македонија на главниот стопан Ахмети. 100 души од ДУИ управуваат со два милиони народ. Тие одлучуваат за тендерите, за тоа кој да се вработи, кој каква работа да добие. 20 години се силно навлезени во институциите кои ги криминализираат до највисока мера, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор на вчерашниот митинг во Кочани.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека Ахмети објаснил пред целата јавност кој е неговиот план за Македонија. И како што кажа, тој се објаснува во три едноставни зборови – Како до сега…. А, што значи како до сега? Запраша претседателот и потенцира:
„Тоа значи Артан Груби да продолжи со тендери и матни зделки. Бујар Османи да продолжи да ги распродава интересите на Македонија, нови Соравии кои ќе се купуваат, нови изведувачи на автопатишта кои ќе добијат милиони, а нема да фрлат ниту лопата. Како до сега значи и дека ќе продолжат да си играат фудбалчиња во државни институции и функционери на ДУИ да шамараат контролори за летање“.
Тој подвлече дека стратегијата како до сега, е патентот за криминалот на ДУИ кој го поддржува и изведува СДСМ.
„Таа партија од некогаш голема структура се сведе на слуга на желбите на ДУИ кои е јасно дека иако дојдоа со конфликт на власт овие избори се неповторлива можност да си заминат со пенкало и со силната волја на народот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.
Македонија
(Фото+видео) „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“ – марш за загинатите во кочанската дискотека
Илјадници граѓани и родителите на жртвите од Кочани денеска маршираа во Скопје. Побараа правда и одговорност.
Маршот во организација на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“ почна во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, продолжи кон Собранието на Македонија, а заврши пред Основниот кривичен суд.
Се движеа носејќи фотографии од загинатите и транспаренти на кои пишуваше: „63 сенки ќе ве следат – секој поглед бара правда“, „Моето дете беше убиено од систем кој не штити туку убива“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се разбудите?“, „Ние изгубивме, вие се уште имате за што да се борите“…


Сопругата на пејачот Андреј од ДНК, Наталија Ѓорѓиеска, побара пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
„Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности. Ние, семејствата, останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена“, кажа Ѓорѓиеска.


Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда. Предвидено е неделно да се одржуваат по најмалку две рочишта. Обвинителство распореди 15-мина обвинители кои ќе настапуваат во тимови. Ќе им се суди на сопствениот на дискотеката, фирмата за обезбедување, тројца градоначалници на Кочани, поранешни министри за економија и директори на Дирекцијата за заштита и спасување. Обвинети се за пожарот во Пулс каде загина 63 лица, а над 200 беа повредени.

