Македонија
Мицкоски: Комплетно реновиран одделот за трауматологија на Клиника за ТОАРИЛУЦ
Комплетно е реновиран одделот за трауматологија на Клиника за ТОАРИЛУЦ, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој беше во посета на Клиниката.

„Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за можноста да бидеме денес тука, да им се заблагодарам на здравствените работници коишто се дел од оваа клиника што работеле и имале трпение во услови коишто биле такви какви што биле, да бидам попрецизен- никакви. Она што ние планираме да го правиме во здравството после завршувањето на локалните избори, ќе бидат озбилни, структурни реформи бидејќи имам чувство дека годишно трошиме околу една милијарда евра, а не го добиваме тоа што граѓаните и пациентите го заслужуваат. Но, исто така и здравствените работници, се разбира“, рече Мицкоски.
Тој кажа дека има премногу надворешни влијанија кои треба да бидат минато ако сакаме да имаме здравствен систем во којшто ќе имаме задоволни здравствени работници и задоволни пациенти.
Министерот за здравство, Азир Алиу, рече дека инвестицијата на одделот за трауматологија е посебно значајна имајќи предвид дека на овој оддел се лекуваат пациенти во исклучително тешка здравствена состојба.
„Инвестицијата на одделот за трауматологија е посебно значајна имајќи предвид дека на овој оддел се лекуваат пациенти во исклучително тешка здравствена состојба. Веќе е во напредна фаза и реновирањето на одделот КАРИЛ, така што навистина изминатиот период се реализирани бројни инвестиции за целокупно унапредување на условите во оваа врвна терциерна установа“, изјави министерот Алиу.
Во рамки на оваа инвестиција, извршена е замена на сите прозорци, врати, подови и поставени се нови кревети за пациентите, со што одделот е комлетно обновен после повеќе од 20 години.
Од Министерството за здравство велат дека изминатиот период на оваа Клиника е реализирано и значително кадровско зајакнување, со вработување вкупно 36 лица, меѓу кои доктори, медицински сестри и друг медицински и немедицински кадар, а во сегментот на нова опрема, ставени се во функција три рендген апарати, набавени се два нови аспиратора, а во тек е набавката на нов декса-скен и апарат за прочистување на крвта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

