Македонија
Мицкоски: Курц за сомнеж за корупција веднаш даде оставка, а Заев мува не го лази
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот митинг во општина Босилово направи паралела како се однесува, како што рече, одговорен политичар, а како се однесува Зоран Заев, посочувајќи го примерот на австрискиот канцелар Себастијан Курц.
„Како за пример како постапува одговорен политичар пред својот народ ќе го наведам австрискиот канцелар, Себастијан Курц, кој си поднесе оставка затоа што постојат сомневања дека владини институции плаќале анкети со кои се фаворизирала власта. Курц покажа висок степен на морална одговорност и верба во принципи. Кај нас 14 луѓе живи гореа во модуларната болница во Тетово, а немаме ниту еден виновен“, истакна Мицкоски, кој потоа додаде дека како виновник бил посочен само продолжениот кабел.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во својот говор ја доведе во прашање и легитимноста на анкетите на кои во водство е СДСМ.
„Неколку години по ред Заев си склучува договори не со една, туку со повеќе агенции кои што го мерат јавното мислење, онаму каде што ќе прочитате дека води СДСМ и Заев, тие се тие, затоа што само на тие скапо платените од украдените пари на народот може СДСМ и Заев да води“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

