Македонија
Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци
Македонија останува посветена на европскиот пат, но без двојни стандарди и политички притисоци, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. Тој вели дека Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјата во процесот на пристапување во Европската Унија не е оценка за една година или за една влада, туку за континуитетот на реформските процеси, нивото на институционална зрелост и начинот на кој земјата одговара на долгорочните европски приоритети.
„Во извештајот се нотира дека во некои области постои „одреден“ или „ограничен напредок“. Конкретно, нема области со назадување, а во четири поглавја е забележан „добар напредок“. Во едно поглавје, „Слободно движење на капитал“, дури е зголемено нивото на подготовка, благодарение на приклучувањето кон SEPA и спроведувањето на мерките против перење пари и финансирање на тероризам. Комисијата ги поздравува чекорите направени во делот на економијата, со стабилен банкарски сектор, умерен раст на БДП, усвојување на Законот за јавна внатрешна контрола и назначувањето на членовите на Фискалниот совет, мерки кои ја зајакнуваат фискалната дисциплина и транспарентност“, вели Мицкоски.
Премиерот додаде дека позитивни оценки има и за дигитализацијата, модернизацијата на јавната администрација, воспоставувањето на системите за е-набавки и зајакнувањето на сајбер-безбедноста.
Во однос на законодавната рамка, рече Мицкоски, иако се потребни дополнителни усогласувања со европското законодавство, особено со Европскиот акт за медиумска слобода (EMFA), на кои во идниот период ќе работиме, веќе се направени конкретни чекори напред во Законот за медиуми.
„Ова е показател дека како Влада активно работиме на приближување кон европските стандарди и на создавање правна рамка која ја гарантира медиумската слобода и плурализмот. Се разбира, извештајот посочува и на предизвици што државата мора да ги адресира со уште посилна динамика. Предизвици постојат во делот на владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата. Политичката поларизација и недоволната соработка меѓу институциите остануваат пречки што ја забавуваат имплементацијата на реформите. Оваа Влада не само што е свесна за тие предизвици, туку веќе работи на нивното надминување“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека се поставени нови приоритети за реформа на судството, за зголемување на одговорноста и за воспоставување на јасни критериуми за оценување на судиите и јавните обвинители.
Во делот на антикорупцијата, додаде Мицкоски, процесот на целосна дигитализација на јавните набавки и на транспарентноста на буџетските расходи ќе продолжи во 2026 година.
Во однос на јавната администрација, според Мицкоски, Владата е решена да го прекине долгогодишниот модел на парт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

